ЕК: Формирањето нова црногорска Влада е позитивен чекор напред


Европската комисија смета дека формирањето нова влада на Црна Гора претставува позитивен чекор напред, по изборите во август и конституирањето на новиот Парламент, изјави вечерва портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандез.

– Ја поздравуваме посветеноста на новата Влада кон реформската агенда на ЕУ и со нетрпение очекуваме да работиме со црногорската Влада и парламентот на реформите и приоритетите поврзани со ЕУ, во интерес на сите граѓани, рече Писонеро Хернандез за ТВЦГ.

Таа истакна дека следните месеци мора да се искористат за продлабочување и забрзување на политичките и економските реформи, особено во областа на владеење на правото, каде следната пресвртница е исполнување на одредниците од поглавјата 23 и 24 во преговорите за пристапување во ЕУ.