Во Хрватска денеска 3.955 заразени со Ковид-19, починаа 68 пациенти

 

Во последните 24 часа забележани се 3.955 нови случаи на заразени со корона вирус, а бројот на активни е 24.190.

Меѓу нив 2.427 пациенти се на болничко лекување, а од нив 262 на респиратор.

Починаа 68 лица.

Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска забележани се 143.370 заразени, а починаа 2.032. Оздравеа 117.148, а тестирани се 790.883 лица, од кои 10.626 во последните 24 часа.