Повредени, приведени и материјална штета по протестот во Никозија против мерките за Ковид-19 и вакцинацијата


Со инциденти пред Претседателската палата и напад врз медиумска групација, со предизвикана материјална штета, повредени 12 полицајци и уапсени пет лица завршија синоќешните протестите во Никозија против мерките за Ковид-19 и вакцинацијата, јави дописничката на МИА од Атина. Демонстрантите го нападнаа објектот на групацијата „Диас“, во кој е сместена и телевизијата „Сигма“, запалија паркирани автомобили […]

Земјотрес во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје


Земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје е регистриран денеска во 00:21 часот, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија […]

Масовно заминување на туристите од Миконос


Грчките здравствени власти објавија 1.558 нови случаи на коронавирус во период од 24 часа, како и 10 нови смртни случаи.Бројот на интубирани пациенти е 123, во споредба со 124 дена порано, објави „Катимерини“. Регионот Атика, кој ја опфаќа престолнината Атина, има регистрирано 610 нови случаи, проследено со Солун со 112. На малиот остров Миконос, каде […]

Пороен дожд во Загреб, поплавени улици, паднати дрвја


Попладнево пороен дожд предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, соопшти цивилната заштита. Поплавени се улици и подрумски простории, а неколку дрвја паднаа врз паркирани возила и објекти, јавија загрепски медиуми. Околу 50 граѓани побараа интервенција на пожарникари и комуналните служби. ➡ Obilna kiša, koja pada od 13 sati, prouzročila je probleme u istočnom dijelu […]

Силни дождови предизвикаа проблеми во регионот – град и поплави во Хрватска, БиХ и Србија


Невреме проследено до силен дожд го зафати подрачјето околу Осиек во Хрватска попладнево, а поплавени се и делови од Босна и Херцеговина, како и повеќе делови во Србија. Во Осиек од силниот дожд поплавени се повеќе сообраќајници, а силниот ветар откорна покрив од една зграда. Поради тоа, во прекин беше напојувањето со струја. Под автомобил […]

За невакцинирање може да се добие и отказ во Грција


Ако некој вработен, со неговиот избор да не се вакцинира, ја става компанијата во опасност, тогаш тоа е важна причина да биде отпуштен, рече министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгијадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“. Георгијадис, сепак објасни дека пред да стигне до отпуштање, компанијата ќе треба да ги исцрпи сите […]

Бугарија од понеделник ќе забрани влез на британските туристи во земјата


Бугарија забрани влез на сите британски туристи во земјата поради загриженост за ширење нови инфекции со корона вирус во Велика Британија. Забраната стапува на сила во понеделник, истиот ден кога Бугарија влегува на британската зелена епидемиолошка листа, што значи дека сите што ќе се вратат од одмор во Бугарија, нема да бидат ставени во карантин, […]

Сегашните 18 централи на јаглен во Западен Балкан загадуваат како 221 во ЕУ


Новиот извештај на Центарот за истражување на енергија и чист воздух и Bankwatch, групи за заштита на животната средина во Централна и Источна Европа, открива дека во 2019 година 18-те централи на јаглен што се наоѓаат во Западниот Балкан емитирале двојно повеќе сулфур диоксид од 221 централа во ЕУ. Загадувањето во Западен Балкан го загрозува […]

Во 98 отсто од инцидентите поврзани со огнено оружје во регионот сторителите се мажи


Од сите пријавени инциденти со огнено оружје во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), онаму каде што е наведен и родот, во 98 отсто сторителите се мажи, се наведува  во годишниот извештај за 2020-та на Центарот за контрола на малото и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC). Станува збор за вкупно 3566 регистрирани инциденти на териториите […]

„Сe уште не е готово“: Емоциите се силни пет години по неуспешниот пуч во Турција


На петтата годишнина од обидот за воен удар во Турција, многу Турци се подготвуваат да се упатат кон крајбрежјето или во нивните родни места за деветдневен празник на Курбан Бајрам, бидејќи сеќавањето на крвавата ноќ избледува како одминува времето. Но, за Нихала Олкок, чиј 16-годишен син и поранешен сопруг беа убиени од војниците на мостот […]

За првпат од Втората светска војна во Црна Гора има негативен природен прираст


Црна Гора– Црна Гора минатата година забележа негативен природен прираст, што не се случило од Втората светска војна, откако се водат статистички податоци, изјави демографот Мирослав Додеровиќ за Вијести. Негативниот природен прираст е регистриран со месеци по ред, така што од септември минатата година до април годинава починале 1.668 повеќе луѓе отколку што се родени […]

Словенија избра министер за дигитализација


Словенија избра нов министер во владата на Јанез Јанша, а на предлог на премиерот, Парламентот го потврди Марко Борис Андријаниќ за таа позиција, кој ќе ја предводи новоформираната владина служба за дигитална трансформација. Андријаниќ, 38-годишен адвокат, со магистратура по јавна политика од Оксфорд, има меѓународно искуство и знаење, работел во „Убер“ и на разни проекти […]

Во Црна Гора стапува во сила Законот за хомосексуални бракови


Црна Гора– Во Црна Гора стапи во сила Законот за хомосексуални бракови, а на неговото спроведување чекаат 20 двојки. Законот ќе им овозможи на истополовите двојки да ги официјализираат своите семејства. Тој беше усвоен на 1 јули минатата година за време на владеењето на Демократската партија на социјалистите. Во тој период, беше организирана обука за […]

Во ноќните клубови во Грција влез само за вакцинирани


Грција – Ноќните клубови, дискотеките, бузуки и слично во Грција, без оглед дали се на отворено или затворено, ќе примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои прележале Ковид-19, согласно новата министерска одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Иако новите мерки кои стапуваат денеска во сила, првично се однесуваа само на затворени простори, сега, во објавената […]

Бугарија: Има таков народ условува – или нашата влада или нови избори


Никој во моментов не знае каква ќе биде разврската на политичкиот ќор-сокак во Бугарија и по изборите одржани во неделата. Вчера лидерот на партијата Има таков народ, Стансилав (Слави) Трифонов, најави преку Фејсбук дека се откажува од владата што ја објави во понеделникот на чело со Николај Василев (член на кабинетот на царот) и дека […]

Ердоган го смени „ректорот на Ердоган“ по студентските протести


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отстрани од функцијата ректорот на Универзитетот „Богазичи“, Мелих Булу, лојалист на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), чие назначување во јануари предизвика студентски протести низ целата земја. Ердоган ја донесе одлуката во претседателскиот указ. Тој не даде причина за отпуштањето и не именуваше наследник. Булу се соочуваше […]

Радев го свикува Националното собрание на Бугарија в среда


Бугарија – Претседателот на Бугарија Румен Радев најави денеска дека ќе го свика новото Национално собрание на 21 јули на прва седница. – Сега е време бугарските политичари да ја завршат својата работа, да најдат обединување, да најдат пресеци од нивен интерес, што всушност ќе бидат интереси на сите Бугари, нагласи тој. Радев им ја […]

Од денеска „Covid free“ простори во Грција


Грција– Внатрешните делови на кафулињата, рестораните, ноќните клубови, како и кината и театрите во Грција, од денеска почнуваат со работа, но само за вакцинирани гости или за лица кои прележале Ковид-19, а сертификатите ќе се проверуваат преку специјалната апликација „Covid free“, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката на грчката Влада стапува денеска во сила, […]

(Видео) Повеќе делови од Србија зафатени од невреме, Ниш погоден од град


Силно невреме денес го погоди Ниш, покрај дожд, паѓал и град со големина на помала праска или орев. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно предупреди на силни дождови, грмотевици и град. Како што дознава Танјуг, во зградата во која се одржува музичкиот фестивал „Нишвил“ се поплавени подрумските простории. Неколку улици се поплавени и во општината Палилула, […]

Потврден 281 нов случај на делта сојот во Грција, шест региони под зголемен надзор


Драстично зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, повторно над 2.700 ново заразени за 24 часа, потврден 281 случај на делта сојот, а шест региони под лупата на властите и на чекор пред воведување мерки, е актуелната епидемиолошка слика во Грција, согласно последните официјални податоци, јави дописничката на МИА од Атина. Според седмичниот извештај од […]