Двајца технички министри се нови тркачи на бугарските избори


Средбата за манипулирање на гласовите наводно се одржала во Ќустендил

 Двајцата поранешни времени министри на Бугарија, Кирил Петков и Асен Василев, утре ќе ги претстават своите планови за учество на претстојните парламентарни избори на 14 ноември.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата поранешни министри заедно со нивните поддржувачи ќе им ги претстават на медиумите во неформален амбиент, нивните планови за тоа како ќе учествуваат во политичкиот живот на Бугарија.

Локалните медиуми објавија дека досега е познато оти двајцата поранешни министри од финансиско-економскиот блок на поранешната привремена влада, бараат партиски мандат за нивниот нов политички проект.