Уште 875 новозаболени во Хрватска, починаа седум пациенти


 

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во последните 24 часа во Хрватска забележани се уште 875 нови случаи со Ковид-19.

Бројот на активни случаи денеска изнесува 8.286.

Од нив 683 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 81 пациент.

Истовремено, починаа седум пациенти од последиците на Ковид-19.