Во Хрватска за една недела се самопопишаа повеќе од 500.000 луѓе, се појавија и лажни попишувачи


За помалку од една недела во Хрватска се самопопишаа повеќе од половина милион граѓани.

Така, до вчера, предку апликацијата е-граѓани, се самопопишале 546.000 луѓе.

Најмногу луѓе се попишале во Загреб, а постоа следуваат другите жупании.

Самопопишувањето трае уште оваа недела, а потоа почнува втората фаза односно излегување на терен.

Имено, попишувачите од оние кои се самопопишале ќе земат потврда пишана, испечатена или фотографирана, за да потврдат дека граѓанинот е попишан. Оние кои тоа не го направиле ќе бидат попишани на лице место.

Надлежните предупредуваат дека се појавиле лажни попишувачи, па граѓаните треба да внимаваат. Велат дека теренското попишување почнува на 27 септември и секој кој пред тоа би дошол да ве попише е лажен попишувач. За подобро распознавање, попишувачите имаат сино-бела облека, а треба да поседуваат и ковид-сертификат дека се вакцинирани.

Досега неколку граѓани пријавиле лажни попишувачи, а една баба на возраст од 93-години, останала без пари и без накит, откако отворила врата на непознат, наводно, попишувач.