Србија регистрира 6.745 новозаразени со корона вирус, починаа 35 пациенти


 

Состојбата во соседна Србија со корона вирусот е загрижувачка. Имено, денеска регистрираа 6.745 новозаболени од Ковид-19, а починаа дури 35 пациенти од последиците на Ковид-19.

На респиратор се 177 пацинети.

Лекарите секојдневно апелираат граѓаните да се вакцинираат и дека тоа е единствениот начин да се заштитат себеси и околината.

Освен тоа, сега и најмладите се загрозени затоа што има се повеќе заразни, па ситуацијата во училиштата е под лупа. Министерот за образование повторно повика да се вакцинираат сите и порача дека не сака да го жртвува здравјето на децата.