Земјотрес во Босна и Херцеговина


 

Ноќеска, три часа по полноќ, Босна и херцеговина беше погодена од земјотрес.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 25 километри од Тузла, и 13 километри од Грачаница, а бил со јачина од 3,6 степени според Рихтер, јави радио Сараево.

Според сведоштвата на грашани на страницата ЕМСЦ, земјотресот бучел.

„Чуден татнеж пред земјотресот“, напиша еден граѓанин на БиХ, додека жител на Завидовиќ нмапиша: „Силно пукна, ужасно чувство“.