Метју Палмер именуван за американски пратеник за изборните реформи во БиХ
Соединетите Држави го назначија поранешниот пратеник за Западен Балкан Метју Палмер да ја надгледува проблематичната програма за изборни реформи на Босна и Херцеговина во потег за кој Вашингтон вели дека е знак на неговата посветеност кон регионот, пренесува Радио Слободна Европа.
Габриел Ескобар, кој беше назначен за заменик-помошник државен секретар за Јужна и Централна Европа претходно овој месец, изјави за Радио Слободна Европа денеска, за време на интервјуто во Вашингтон, дека Палмер ќе биде главниот човек на Соединетите Држави за оваа жешка тема. Ескобар рече дека изборната реформа во БиХ е еден од првите чекори што треба да се преземат за Западен Балкан биде „пофункционален“ како држава.
„Многу сум среќен што Мет (Палмер) останува околу тој дел од работата, бидејќи има огромно знаење, огромни контакти и одлична визија за тоа како треба да функционираат изборите во Босна“, рече Ескобар.
Ескобар рече дека изборите мора да бидат „потранспарентни, повеќе во согласност со вистинската волја на народот“.
Американскиот дипломат рече дека назначувањето на Палмер за водечки човек на изборите во Босна е „важен знак“ за посветеност кон земјата.