Во Словенија 1.248 новозаразени, двајца починати – повторно протести


Во СЛовенија во последните 24 часа потврдени се 1.248 новозаразени со корона вирусот, со два смртни случаи, а народот продолжува да го изразува своето незадоволство со прошитените противпандемиски мерки преку протести.

Пред зградата на парламентот во саботата наутро на протест повтронос е собраа повеќе десетици противници на ослучите за задолжителни ковид-потврди, откако во четвртокот навечер мирните демонстрации од повеќе илјади луѓе, прераснаа во насилни. Во петокот пак, во центарот на Љубљана беа одржани и редовните велосипедски протести против сегашната влада од која бараат оставка.

Епидемиолошката ситуација и понатаму не се подобрува, па во последните 24 часа секој петти тест на корона вирус, беше позитивен, а 14-дневната инциденција е зголемена на 614. Епидемиолозите очекуваат намалување на бројките кон средината на идниот месец.

Болниците се полнат, вакцинираноста ниска

Болниците се и понатаму полни, па на ковид-одделите сега има 360 заболени, 12 повече од вчера.

Се проценува дека вакцинацијата се уште е на ниско ниво, покрај зголемената заинтересираност за вакцинација што ја предизвикаа построгите мерки. Вакциналните пунктови работат и во сабота и во недела, а вакцинираноста на целото население изнесува 45,8 отсто.

Затоа постои опасност врвот на четвртиот бран да го надмине капацитетот на здравството.