Џаферовиќ: Изјавата на амбасадорот на Русија е закана по БиХ


Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ истакна дека изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, како и спомнувањето на Украина во тој контекст, претставува „недозволива закана и напад врз суверенитетот на БиХ“. – Босна и Херцеговина е суверена […]

Грција отвора трет центар за прием на бегалци од Украина


 Министерството за миграција и азил на Грција соопшти дека одново ќе го отвори прифатниот центар Елефсина во близина на Атина, но сега, ќе биде наменет исклучиво за прием и сместување на раселените лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Центарот е со капацитет да прими 150 лица, а е трет по ред што […]

Шеста дојава за бомба на летот Белград-Москва


  Во последните неколку дена, речиси секој ден има дојава дека на летот од Белград за Москва има поставено бомба. Досега тие се покажуваа лажни, но за денешната дојава уште нема официјална потврда дали е лажна или не. Инаку, вчера во полиција е пријавено дека имало бомба во авионот што требало да полета од аеродромот […]

Хрватска запленила три јахти и блокирала шест компании поврзани со Русија


Хрватските власти досега заплениле три брода поврзани со правни или физички лица кои се најдоа на списокот на санкционирани од ЕУ поради руската агресија во Украина. Дознаваме дека се работи за бродови лоцирани во Риека, Бетина и Скрадин, но уште три брода наводно се поврзани со руски физички и правни лица, за чија блокада наводно […]

Плеврис: Постои пораст на новите случаи на Ковид-19, но не без притисок врз здравствениот систем


Доминацијата на подваријантата на Омикрон и укинатите мерки во ноќниот живот, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, се главните причини за зголемениот број нови случаи на Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, Плеврис објасни дека сепак, и покрај зголемувањето, не се забележува притисок врз […]

ИДУЕП: Младите од регионот бараат од повеќе дигитални алатки за подигање на еколошката свест


Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во текот на месец февруари годинава спроведе серија фокус групи со млади луѓе, а истражувањата покажаа дека чистиот воздух и заштитата на животната средина се едни од најважни теми за младите од Балканот, но потребно е подигање на еколошката свест уште од мали нозе. – Тие како примери во своите земји […]

Грчката Влада воведува попуст на бензинот за одредени категории и зголемени субвенции за електрична енергија


големени субвенции за електрична енергија, електронска карта за гориво за 60 литри бензин месечно со попуст од 22 центи, дополнителна финансиска поддршка за ранливите категории, се дел од мерките што утрово ги соопштија надлежните грчки министри, како дел од пакетот мерки во висина од 1,1 милијарди евра што се однесуваат на 3,2 милиони граѓани, а […]

Мицотакис соопшти пакет мерки од 1,1 милијарди евра за 3,2 милиони граѓани


Мерки во висина од 1,1 милијарди евра што ќе опфатат 3,2 милиони граѓани од ранливите категории, но и домаќинства со приходи до 30.000 евра годишно, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата телевизиска порака до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека станува збор за мерки насочени кон најслабата и средната класа, […]

„Ер Србија“ поради притисоците ги намалува летовите за Москва


Србија-„Ер Србија“ ги презеде слотовите на рускиот „Аерофлот“ и моментално има 15 летови неделно до Москва, но поради притисокот што доаѓа од Европа во последните денови, ќе се врати на „фабричките поставки“, соопшти Политика, јави дописникот на МИА од Белград. Тоа значи дека „Ер Србија“ ќе лета за Москва осум пати неделно, а можеби и […]

Албанците со рекорд во Европа- над 11 илјади лани аплицирале за азил


Албанија – Иако со побавно темпо, албанските граѓани продолжуваат да бараат азил во некоја од земјите на Европската унија и да бидат најбројни во споредба со граѓаните на други земји во Европа. Последните податоци на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) покажуваат дека во 2021 година барање за азил поднеле вкупно 11.246 албански граѓани, […]

ЕУ и порача на Турција да не потпаѓа на пропагандата на Путин


Tурција– Турција која во моментов има улога на „балансер“ треба да биде внимателна за да не потпадне на пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска амбасадорот на ЕУ во Анкара, Николаус Меер-Ландрут. Таквата изјава на амбсадорот е во контекст на очекувањата на Брисел Турција да ги забрани, како што рече, „руските пропагандни канали“, притоа […]

Рафинериите на Грција и Саудиска Арабија со првичен договор за дополнително снабдување со сурова нафта


Грција – Првичен договор, Грција да добива дополнителни резерви на сурова нафта од Саудиска Арабија, постигнале рафинериите од двете земји ЕЛПЕ и Арамко, објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција пишуваат дека првичниот договор бил постигнат за време на првиот бизнис форум меѓу двете земји одржан во Ријад, […]

(Видео) Милановиќ забрани прелети на воени авиони над Загреб и над другите градови


  Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ кој е и врховен командант на Оружените сили, денеска попладне му наредил на началникот на Главниот штаб на Оружените сили на Хрватска, Роберт Храњ, дека најстрого е забрането прелет на воени авиони над Загреб и сите други хрватски градови, објавија од Кабинетот на претседателот. Како што пренесоа хрватските медиуми […]

Пленковиќ го демантира шефот на НАТО и тврди дека дронот бил вооружен


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го демантираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека дронот што падна во главниот град на Хрватска немал експлозив. – Не беше „unarmed“ (невооружена), туку беше со експлозив, изјави Пленковиќ на прес-конференција во Загреб, а како доказ на новинарите им покажа фотографии на кои, како […]

Кирил Петков се плаши од хибридната војна на Бугарите против Бугарија


  Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека било логично во војна како оваа во Украина да се очекуваат хибридни напади кои доаѓаат од Русија, но оние што се случуваат на бугарска територија ги дефинира како злосторство и предавство, а како пример го наведе однесувањето на социјалните мрежи на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ. Тој […]

„Национал“: Дронот е украински, бил наменет за руските позиции


Беспилотното летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана. Истиот извор за „Национал“ открил дека е извесно дека авионот излегол од контрола и оти […]

Петков: Грешка е што Бугарија се откажа од евтин гас од Азербејџан


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан, пренесува БГНЕС. „Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што […]

Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението


Грција– Над седум и пол милиони Грци, односно 72 отсто од општото и 80,8 проценти од полнолетното население во земјата се целосно вакцинирани, додека пак од почетокот на процесот на имунизација во Грција аплицирани се 20.320.000 дози, согласно податоците што ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на […]

Од денеска патувањата во Грција без PLF формулар


Грција– Електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form) што досега беше неопходен за патување и влез во Грција, од денеска и официјално се укинува, а остануваат во сила актуелните правила за задолжителен документ за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Сите посетители на Грција, независно од националноста и начинот на влез во земјата, повеќе нема да […]

Од полноќ рекордни цени на горивата во Црна Гора, литар БМБ 98 чини 1,78 евра, дизелот 1,73 евра


Цените на горивата во Црна Гора од полноќ ќе достигнат историски максимум, со поскапувања од 16 до 29 центи, пишува подгорички „Вијести“. Како што претходно објавија црногорските медиуми, од утре бензинот поскапува за 16 центи, така што литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе изнесува 1,74 евра. Еуродизелот поскапува за 28 […]