По пет години Албанија повторно доби “прва дама”


Албанија – Албанија во саботата го доби новиот, осми по ред претседател, по падот на комунистичкиот режим. Бајрам Бегај (55), функцијата од досегашниот претседател Илир Мета официјално ќе ја преземе на 24 јули.
 
Со доаѓањето на Бегај во претседателската резиденција земјата ќе има и ” прва дама” титула која и недостигаше на Албанија во изминатите пет години.
 
Арманда Бегај (54) е сопругата на новиот претседател и од 24 јули ќе биде “прва дама” на Албанија. Работи во Високата државна ревизија. Не и е позната на јавноста, но била дел од активностите кога на нејзиниот сопруг  му биле доделувани високи чинови во армијата.
 
Сопружниците Бегај имаат два возрасни сина, а според формуларот за декриминализација семејството никогаш не живеело надвор од државата.

Кога Илир Мета, положи заклетва како претседател, на 24 јули 2017 година, неговата сопруга Моника Круемади ја одби почесната титула “прва дама”  продолжувајќи ја политичката кариера, како лидер на Движењето за социјалистичка интеграција и и го препушти местото на повозрасната ќерка Бора.