Меѓународното име на Турција од денеска е Туркие


 

Обединетите нации го одобрија барањето на Турција за промена на спелувањето на името на земјата на странски јазици од Турција во Türkiye („Turkiye“). Ова го изјави за агенцијата Анадолија, Стефан Дужарик, прес-секретар на генералниот секретар на ОН.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, добил известување од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за промена на меѓународното име на земјата, рече Дужарик. Според него, измените стапиле на сила од моментот на добивањето на овој допис.

Сега Türkiye (Туркие) ќе се користи на сите меѓународни форуми и официјални документи на ОН, каде што претходно се користеа различни етноними (Турција, Туркаи, Турки), забележува Анадолија.

Чавушоглу на Твитер ден претходно објасни дека оваа одлука треба да придонесе за „зголемување на престижот на брендот на земјата“.

Анкара одлучи да го смени поранешното име на земјата поради дисонанца. Покрај тоа, на англиски, Турција (Turkey) е хомоним за зборот turkey (мисирка).