Верувале или не: Институциите во БиХ набавуваат пластични ќеси за 100.000 евра


 

Службата за заеднички работи на институциите на Босна и херцеговина објави на порталот за јавни набавки информација за потребните набавки за 2022 година.

Предмет на набавки, според информацијата се „хигиенско потрошен материјал – пластични ќеси, во согласност со техничките карактеристики и останатите побарувачли услови/барања назначени во оваа тендерска документација“.

како цена, наведен е иснос од неверојатни 199.999,80 конвертибилни марки, односно околу 100.000 евра.

Траењето на договорот за набавување ќеси треба да биде една година. Името на понудувачот може да се знае веќе на 4 јули кога е предвиденото отворање на пристигнатите понуди.

Како што наведуваат босанските медиуми, во повеќе земји во светот пластичните ќеси се забранети за подобро да се зачува животната околина, додека во некои држави зголемена беше нивната цена.