Во внатрешните делови на траектите и во такси возилата во Грција маската останува задолжителна


 

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција на денешниот состанок донела препорака маската и понатаму да биде задолжителна во внатрешните делови на бродовите и траектите, во такси возилата, како и во аптеките, препорака прифатна од грчката Влада, јави дписничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека за бродовите и траектите маската не е задолжителна во надворешните делови, а задолжителна во внатрешните; за такси возилата е задолжителна и за возачите и за патниците, а за аптеките и за врабтените и за клиентите.

Додават дека деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што дополнително ќе биде објавена во Службен весник.

Маската во затворените простори во Грција од денеска повеќе не е задолжителна, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот превоз, како и такси возилата, внатрешните делови на бродовите и апеките.

Одуката е привремена и важи до 15 септември 2022 година.