Чие небо ќе се отвори за Лавров да стигне до Белград

Наједноставно би било Лавров преку Црното Море да влезе во Бугарија и Софија да му одобри прелет. Но дали Софија ќе се согласи кога Лавров е на листата на санкции на ЕУ


Сергеј Лавров и Александар Вучиќ на една од претходните средби

 

Како Сергеј Лавров воопшто ќе допатува до Белград? Покрај личните санкции што му ги воведе Европската унија, проблем е и затворениот воздушен простор за руските авиони. Ангажирањето на специјален авион на „Ер Србија“ лошо би било прифатено од Западот, велат соговорниците на телевизијата Н1. Дополнително, ситуацијата дополнително се усложнува со наводите дека во случај на доаѓање на шефот на руската дипломатија во Белград, германскиот канцелар би можел да ја откаже посетата.

„Технички проблематичното“ доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград, како што го нарекува претседателот Вучиќ, е најавено за понеделник.

Сепак, не се знае како тој ќе пристигне во главниот град на Србија, со оглед на тоа што Европската унија лично му воведе санкции, и го оневозможи прелетувањето на сите руски авиони над нејзина територија.

„Тој има неколку опции. Првата е да добие дозволи од одредени земји кои би го пропуштиле. Во овој случај, доволно би било да биде Бугарија. Значи, тој да дојде од Русија преку морето во Бугарија и Бугарија да го пропушти. Тоа е малку веројатно дека тоа ќе се случи“, оценува воздухопловниот аналитичар Ален Шќуриќ.

Ангажирањето на специјален чартер лет на „Ер Србија“ би било друга опција. А тоа, велат експертите, би било лошо прифатено од Западот.

„Понатаму, опцијата е ‘Ер Србија’ или некои други компании регистрирани во Србија да испратат свој авион да го земат и тие да дојдат со српски чартер авион – тоа е многу поверојатно“, додава Шкуриќ.

Поранешниот српски амбасадор во Белорусија, Среќко Ѓукиќ, не е сигурен дека Западот би дозволил лет на кој би бил Лавров.

„Западот би можел да го протолкува тоа на свој начин, а не знам дали би дозволиле таков лет, бидејќи таму ништо не може да се скрие. Не можете инкогнито да возите некого со специјален лет и некој да ви одобри прелет. Тоа не доаѓа предвид“, изјави Ѓукиќ.

Третата опција, која е и најмалку веројатна, е доаѓањето на Сергеј Лавров со редовен лет од Москва до Белград со „Ер Србија“ или преку Истанбул со „Туркиш ерлајнс“.

„Речиси сум убеден дека руските безбедносни служби нема да дозволат господинот Лавров да пристигне со комерцијален лет токму од безбедносни причини. Имам многу малку верба во оваа варијанта и давам минимални шанси за тоа“, рече Ѓукиќ.

Доколку Лавров сепак го најде патот и слета во Белград, може да настане друг проблем. „Новости“ наведува дека во тој случај германскиот канцелар Олаф Шолц би можел да ја откаже посетата на Србија, најавена за 10 јуни.

Ваквата можност навести и претседателот Вучиќ со изјавата дека „работите се комплицираат“ и дека тоа би било лоша вест за Србија.

Надвор од тоа како ќе долета Лавров неговата посета е поврзана со многу други недоумици и неизвесност. Рускиот министер за надворешни работи во не така далечното минато со задоволство се гледаше како домаќин и гостин на српските претставници. Москва очекува министерот да биде примен на највисоко ниво.

„Србија доби многу поволна цена за гасот, а со други зборови Лавров доаѓа и ја носи сметката што Србија треба да ја плати“, вели Генадиј Сисоев, дописник на „Комерсант“ за Балканот.

„И тој сака да ја предаде сметката во празнична атмосфера, а не зад затворени врати. Со други зборови, Русија кога ѝ даде поповолен гас на Србија, очекува тоа јавно да го потврди пред камери, потврди стратешкиот карактер на односите со Русија“, додава Сисоев.

Првата посета на Лавров на земјава во Европа од почетокот на руската инвазија, на земјата кандидат за членство во Европската унија, се случува во време кога прашањето за санкциите против Москва се поставува како горливо пред Белград. Тоа всушност доаѓа и од Москва и од Запад.

„Суштината е за двете страни, а и за Русија, пред сѐ од психолошка и политичка природа. За неа е важно земјата која е кандидат за Европската унија да остане цврста на својата позиција и да не се приклучи кон санкциите на Европската унија. Исто колку што е важно за Унијата Србија да се приклучи“, вели Сисоев.

Никола Буразер од порталот European Western Balkans има впечаток дека најавата за посетата на Сергеј Лавров е своевиден притисок врз Србија од Москва.

„Србија или треба да ја прифати таа посета и да ги трпи последиците од притисокот на Западот или да ја одбие таа посета, што всушност би ги нарушило нејзините односи со Москва, што би довело до одредени проблеми за српските власти со сопствените гласачи“, вели Буразер.

Дали Србија ќе застане на страната на остатокот од светот во Европа и ќе ги поддржи нејзините зборови за осуда на нападот врз Украина со одредени конкретни санкции не е прашање број еден во Киев. Таму имаат многу поважни работи, вели украинскиот новинар Роман Цимбаљук, кој долги години бил и дописник од Москва.

„Знаете, сега сме толку зафатени со борба за сопствените животи што не сум сигурен дека Киев има намера или воопшто сака да ја критикува Србија или да им каже на Србија и на Србите како треба да живеат. Што се однесува до Лавров, тој ќе дојде и ќе ви зборува за братски народи. И нан ни велеа дека сме братски народ и после почнаа буквално да нѐ бомбардираат. А кога Србија беше бомбардирана од НАТО, да се потсетиме Русија не направи ништо. Така што приказните дека ќе ви помогне во некаков случај се глупости“, оценува Цимбуљак за Н1.