Дојава за бомби во трговски во Ниш и Нови Сад


Аеродромот „Константин Велики“ и трговските центри „Делта“ и „Форум“ во Ниш, Србија, денеска добија дојава за поставени бомби, јавија српските медиуми.

Вакви дојави регистрирани се и за два трговски центри во Нови Сад, на северот на земјата.

Сите објекти биле евакуирани, а контрадиверизона проверка е во тек, јави РТС:

Дојавите се упатени околу 15 часот.

Вакви дојави за истите објекти беа примени и пред дваесетина дена, а се покажа дека се лажни.