Дојави за подметнати бомби на неколку факултети во Белград


На адресите на неколку факултети во Белград попладнево пристигнале пријави за подметнати бомби, јавија белгрдските медиуми. Во тек се полициски проверки, а студентите и вработените се евакуирани. Според пријавите на граѓаните преку социјалните мрежи, дојави за подметнати бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет

Силен земјотрес ја погоди Бугарија, почувствуван и во Грција


Бугарија денеска ја погоди силен земјотрес. Магнитудата на земјотресот е 4,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 14.46 часот по наше време, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 146 километри од Софија, односно на 15 километри од Пловдив. Земјотресот е почувствуван и во Грција. „Тресењето беше силно, но не траеше долго“, […]

Ескобар: Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Белград изјави дека најголемиот предизвик за Србија е да ги убеди косовските Срби да се вратат во институциите и дека косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори на северот на Косово без предуслови, јави дописникот на МИА од Белград. -Мораме да се погрижиме […]

Мицотакис се заканува со трети избори ако не добие апсолутно мнозинство


  Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека земјата ќе одржи трет круг од изборите доколку во вториот круг на 25 јуни не се постигне апсолутно мнозинство за формирање еднопартиска влада. Грчката владејачка партија Нова демократија триумфираше во првиот круг од изборите на 21 мај. Сепак, не успеа да добие апсолутно мнозинство што би го отворило […]

Повеќето Бугари очекуваат владата да падне за една година


  Мнозинството Бугари очекуваат владата на Николај Денков и Марија Габриел да биде соборена за помалку од една година. Ова го покажуваат резултатите од експресната анкета на „Алфа Рисрч“, спроведена за програмата „Референдум“ на БНТ. Вкупно 33 отсто од испитаниците сметаат дека владата ќе трае околу шест месеци или до локалните избори. Други 29 отсто […]

Сопругата на Ердоган: Владетелка на илјада соби


  Дизајнерска чанта од 45.000 евра, посебен вид чај за 1.800 евра, ултра луксузни набавки и модерен дизајн – првата дама на Турција, Емине Ердоган, не се појавува во јавноста, но очигледно води многу луксузен живот, пренесува Дојче веле. Таа сака да дава совети – особено на турските домаќинки. Од кора од јаболка може да […]

(Видео) Турција: Поплави уништија згради, надојдената вода исфрла мебел од становите


Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави што го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот. Портокаловата метеоролошка тревога е во сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара. Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, […]

Нова трагедија во Белград: Двајца матуранти се удавија на Ада Циганлија


Припадници на српското МВР, нуркачката единица на жандармеријата, од езерото на Ада Циганлија во Белград извлекле тела на две шеснаесетгодишни деца, јави дописникот на МИА од Белград. Претходно во полиција околу 17:30 часот беше пријавено дека голем број матуранти влегле во езерото на Ада Циганлија, а две лица не испливале. Полициски патроли, како и Нуркачката […]

Уапсен поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако


 По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, попладнево уапсен е поранешниот градоначалник на Драч Ванѓуш Дако, под обвинение за злоупотреба на службената положба. Уапсени се вкупно десет поранешни и актуелни раководители на значајни сектори во општина Драч, како и сопственик на градежна компанија, при што судија на претходна постапка одредил мерка […]

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во Белград


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија. Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри. Земјотресот бил почувствуван и во Белград, пишува „Блиц“. „Можам да се заколнам дека земјотресот се почувствува во Белград“, „Многу силно се почувствува во Клуж-Напока. Живеам на третиот кат. Траеше околу […]

Словенија е меѓу новоизбраните непостојани членки на СБ на ОН


Генералното собрание на Обединетите нации денеска ги избра Гвајана, Сиера Леоне, Словенија и Јужна Кореја во Советот за безбедност на ОН со мандат од две години, почнувајќи од 1 јануари 2024 година. Алжир, Гвајана, Сиера Леоне и Јужна Кореја беа примени без противење за место во 15-членото тело одговорно за одржување на меѓународниот мир и […]

Курти доби ултиматум од САД и ЕУ


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денес изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти има два дена да одговори на барањата што му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има напредок или не, јавуваат српските […]

Бугарија конечно доби редовна влада, премиер Николај Денков


  По 10 месеци службена влада поставена од претседателот Румен радев Бугарија денеска конечно доби редовен политички кабинет составен од двата лути политички противници коалицијата продолжуваме со промената – Демократска Бугарија и ГЕРБ. Владата има мандат 18 месеци. Премиер ќе биде кандидатот на ПП-ДБ, Николај денков, а вицепремиер и министерка за надворешни работи поранешната еврокомесарка […]

Од шпион до врвен дипломат: Кој е Хакан Фидан, новиот министер за надворешни работи на Турција


  По победата на претседателските избори, за која за прв пат требаше да се бори во вториот круг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веројатно реши дека треба да ги обликува контруите на неговото наследство, затоа што за пет години ќе му заврши мандатот. Во тој „проект“ Ердоган направи големи измени во составот на новата влада. […]

Српските млекопроизводители на колена, Србија стана увозник на млеко


Во 2021 година Србија извезла 88.692 тони млеко, а увезла 60.114,5 тони. Минатата година извозот падна на 78.948 тони, додека увозот скокна на 83.656 тони. Во првите три месеци од годинава, дефицитот во трговијата со млеко речиси го достигна дефицитот за целата ланска година. Извезени се 7.109 тони млеко, а увезени се 11.190 тони. Според […]

Лајчак и Ескобар побараа од Курти конретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово


Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, побараа од косовскиот премиер Албин Курти да преземе конкретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово, каде што повеќе од десет дена продолжуваат […]

Албанија има 2,76 милиони жители, просечната возраст достигнува 38,8 години


Во Албанија продолжува падот на бројот на населението па така на крајот на минатата година имала 2.761.785 жители или за 1,1 отсто помалку споредено со 2021 година. Намалувањето на бројот на жители доаѓа од повеќе причини поврзани со демографската структура и извештаите за имиграција, што предизвикува континуирано намалување на населението од 1990 година. -Само минатата […]

Ќе се гради водовод преку кој од југот на Албанија со вода ќе се снабдува регионот на Пуља во Италија


 Старата италијанска идеја за изградба на водовод што ќе ги поврзе водните извори на југот на Албанија со регионот на Пуља, се чини дека наскоро ќе стане реалност, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Corriere.it. Весникот се повикува на изјавата на претседателот на регионот на Пуља, Микеле Емилијано, кој изјавил дека албанската влада и дала […]

Меѓународниот механизам за кривични трибунали ја потврди пресудата за Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ


Апелациската комора на Меѓународниот резидуален механизам за кривичните трибунали (IRMCT) донесе пресуда во случајот против двајца поранешни раководители на Службата за државна безбедност (СДБ) при МВР на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, со што ја потврди првичната првостепената пресуда и им ја зголеми казната на 15 години затвор. Тие се осудени дека како дел од поголема […]

Ќерката на Желев ја нарече политиката на Радев „чиста форма на национално предавство“


  Станка Желева, ќерка на првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, упати отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, во кое неговата политичка позиција ја нарече „чиста форма на национално предавство“ и му порача дека порано или подоцна ќе одговара пред бугарскиот народ, пред напуштените сонародници во Украина и пред судот на историјата. […]