Бугарија на чекор конечно да формира влада


  Средбата траеше само неколку минути и тоа уште еднаш го одрази студенилото меѓу клучните актери во бугарската политика. Мандатарот за состав на бугарската влада, Николај Денков, кандидат од коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија, отиде на претседателот Румен Радев да му ја врати папката со мандатот пополнета со новите министри кои произлегоа од […]

Премиерите од Западен Балкан в четврток ќе се сретнат во Тирана


Се очекува оваа недела во Тирана да се сретнат премиерите на земјите од Западен Балкан, јави Топ чанел. -Во четврток се очекува да се одржи средба во формат „retreat“ што е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Се очекува премиерите да разговараат за исполнување на договореното на изминатите средби на оваа иницијатица, додава телевизијата. Секако, […]

Рударите во БиХ во предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на платите


 Рударите од рудниците за јаглен во Федерацијата Босна и Херцеговина денеска организираа предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на исплатата на платите, најавувајќи генерален штрајк и протести доколку не се исполнат нивните барања. Работата во вкупно шест рудници беше прекината еден час, а рударите се одлучија на овој облик на протест за да се солидаризираат со […]

Мицотакис со негативен ковид-тест


Три дена откако преку Инстаграм соопшти дека е позитивен на Ковид-19, претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, денеска, повторно на Инстаграм, објави дека веќе е негативен, јави дописничката на МИА од Атина. -Од добрите вести на денот, напиша Миотакис, објавувајќи фотографија од негативен тест за Ковид-19. Во петокот попладне, како што објави МИА, Мицотакис преку […]

Во Бугарија денес ќе објават нова влада


Претседателот Румен Радев денеска ќе го прими кандидатот за премиер Николај Денков од  пратеничка група на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“,која според уставната процедура го доби вториот мандат за составување на влада и успеја во тоа. Составот на кабинетот „Денков-Габриел“ е веќе готов, а двајцата ќе бидат премиери по девет месеци по систем на […]

Казната е 300 евра: Почна пишувањето казни за пиење алкохол на јавно место


Во Хрватска, поточно во Сплит, властите почнаа да пишуваат казни за консумирање алкохол на јавни места, најавени на почетокот на годинава. Да потсетиме, според новата одлука за комунален ред, на туристите им е забрането да се шетаат по улиците во костими за капење, а доколку не ја почитуваат оваа одлука ќе бидат казнети со 150 […]

Уапсен новинарот кој на протестот во Белград носеше кукла со „обесен Вучиќ“


Бошко Савковиќ, писател и новинар, е уапсен околу пладне во својот стан, под сомнение дека носел транспарент со кукла на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“. Тој е приведен на информативен разговор во врска со куклата што се појавила на нивниот транспарент што го носеле на протестот „Србија против насилството“. Како што изјави за Данас […]

Фестивалот на ружите во Казанлак ја истакна кревкоста на ружата и на слободата на медиумите


Казанлак – Во хармоничен спој на културата и новинарството, годинешниов Фестивал на ружите во Казанлак, познат по својата живописна долина на ружите, ги здружи силите со Бугарската телеграфска агенција (БТА) за да ја одбележи богатата традиција на одгледување бугарска маслодајна ужа и да ја истакне важноста на слободата на медиумите. Фестивалот, кој се одржува од […]

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ


Њујорк – Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград во саботата откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува Њујорк Тајмс. Протестите „Србија против насилството“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени […]

Крстарење по бисерите на Јадранот во Кварнерскиот залив-Опатија, Крк и Раб


Опатија-  Постарите не случајно констатирале дека нема поубаво море од „нашето море“, мислејќи на Јадранското море со Хрватското крајбрежје. Со децении омилената дестинација на генерации Македонци, нуди изобилие на места со туристички понуди од сите видови. Сакавме да откриеме кој е најхедонистичкиот начин да се ужива на Јадранот и да ги видиме бисерите на Јадранот, […]

Чавушоглу повеќе не е шеф на дипломатијата на Турција


Анкара- Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа назначи министри во новата Влада на Турција. Ердоган одлучил повторно да го назначи Мехмет Шимшек (56) на функцијата министер за финансии во новата влада, објави Ројтерс. Шимшек беше многу ценет меѓу инвеститорите кога претходно беше министер за финансии и вицепремиер помеѓу 2009 и 2018 година. За министер […]

Бјелогрлиќ на протестот во Белград: „Ако има дно, го допревме“


  Во 18 часот пред Собранието на Србија почна нов протест „Србија против насилството“, петти по ред по трагедиите во белградското основно училиште и двете села кај Младеновац. Намерата на демонстрантите е да го опколат округот каде што е седиштето на претседателот на Републиката во поворката од српскиот парламент. „Ако има дно, го допревме тој […]

Претседателот Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган


Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му посака успешно извршување на одговорната функција. Шефот на државата изрази подготвеност за продолжување на […]

Медиумската публика повеќе не е примател на содржини, туку активна страна


 Медиумската публика повеќе не е примател на содржини, туку активна партија, изјави проф. Веселина Валканова, декан на Факултетот за новинарство и масовни комуникации на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ на 18. Светска средба на бугарските медиуми, организирана од БТА во Казанлак, за време на панелот на тема „Слобода на избор на новинарите“. Модератор е Георги […]

ЕУ подготвена на одлучни мерки доколку не се смири ситуацијата на северот на Косово


Неуспехот да се смири ситуацијата на северот на Косово ќе има негативни последици, а Европската унија е подготвена да спроведе решителни мерки во оваа прилика, се вели во соопштението на 27-те земји-членки на ЕУ, објавено на 3 јуни 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. -Очекуваме Косово да постапи на начин што нема да […]

На протест во Софија демонстрантите го нарекоа претседателот Радев „агент на Путин“


Над илјада демонстриранти во Софија, синоќа протестираа против претседателот Румен Радев, за кој велат дека промовира проруски ставови. Демонстрантите вееја знамиња на Бугарија, ЕУ и НАТО барајќи Бугарија да продолжи по својот прозападен пат. Протестот е втор во оваа недела и се одржува под мотото „Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и […]

Училишен автобус со 79 ученици се судри во Србија, десетина повредени (ФОТО)


Автобус со 79 ученици од Футог, кои оделе на екскурзија до Тршиќ, се судрил со автомобил во Шабац, Србија. Кај десет деца и водичи се констатирани полесни повреди во болницата во Шабац. Возачот на автомобилот е уапсен. Несреќата се случила околу 9.20 часот. Истрагата е завршена, а по поправка на автобусот децата се враќаат дома. […]

Во Белград денеска ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“


 Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија. Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое […]

Ердоган полага заклетва за трет претседателски мандат, Пендаровски на инаугурацијата


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе положи заклетва како шеф на државата, откако победи на вториот круг од изборите за продолжување на неговото дведецениско владеење за уште пет години, во време кога економските проблеми на Турција се влошуваат. Инаугурацијата во парламентот ќе биде проследена со раскошна церемонија во претседателската палата во главниот град Анкара, […]

Мицотакис позитивен на Ковид-19


Атина – Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија до неодамна премиер на Грција Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.  -Прегратките и бакнежите во предизборниот период […]