Крит ќе им објави „војна“ на отровните риби – канибали


Критските власти предупредуваат на зголеменото присуство на отровната сребрена риба „пафер“ која може да предизвика дури и ампутации на делови од човечкото тело. Голема загриженост изразуваат и рибарите во водите на Додеканез и Крит и велат дека риболовот и туризмот се загрозени. Оваа риба, која првпат беше забележана пред 20 години, се заканува да го […]

Српски рудари откопаа стар римски брод кај Костолац


  Археолозите во Србија макотрпно бришат песок и земја од древната дограма на римски брод откриена од рудари во огромен отворен рудник за јаглен. Откако багерот во рудникот Дрмно откри малку дрва, експертите од локацијата на блиската поранешна римска населба позната како Виминациум побрзаа да се обидат да го зачуваат скелетот на бродот, второ такво […]

„Пешкир револуција“: Грците бараат државата да ги ослободи плажите


Граѓанското движење за слободни плажи, кое започна од островот Парос, бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите и поголем слободен простор за граѓаните.Граѓаните на Родос и Парос протестираат поради незаконската приватизација на плажите, објави Катимерини. Протестите се познати како „Движење за слободни плажи“ или „Движење пешкир“. Грчките граѓани се обидуваат да ги спречат […]

Што пребарувал на интернет Коста Кецмановиќ пред масакрот во училиштето во Белград


На денешен ден пред три месеци се случи масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Тоа е злосторство без преседан што ја потресе целата нација. Тогаш 13-годишниот К.К ликвидира десет лица во училишниот ходник и во канцеларијата за историја – девет ученици и еден чувар. Една од последните информации е дека момчето убиец […]

Грција ќе го ограничи дневниот број на туристи на Акропол


Атина– Посетите на атинскиот Акропол, најпопуларниот археолошки локалитет во Грција, ќе бидат ограничени на 20.000 луѓе дневно од следниот месец, објави грчката влада. Министерката за култура Лина Мендони изјави дека ова е неопходно за да се спречат тесни грла и преголеми гужви на локалитетот кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. […]

Бугарија ќе го тргне Споменикот на советската армија од центарот на Софија


  Новата бугарска влада преземе нови чекори да се оддалечи од советските години и руското влијание, иако промосковското расположение во државатаи натаму е многу високо. Владата денеска даде „зелено светло“ за преместување на Споменикот на советската армија. Со одлуката се менува статусот на споменикот – од јавна државна сопственост во приватна државна сопственост. Тој чекор […]

Студен туш од Австрија за Софија и Букурешт


Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека ветото за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната мора да остане за да се одржи граничната контрола на ниво на ЕУ, пренесува mediapool.bg. Студениот туш од Австрија за Софија и Букурешт повторно доаѓа од министерот во австриската влада, кој лани во декември беше главниот глас за […]

Ивица Дачиќ бара Бугарија да го признае српското малцинство


  Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е револтиран од одбивањето на Бугарија да го признае постоењето на српското национално малцинство. Во утринскиот блок „Ново јутро“ на Телевизија Пинк Дачиќ изјави дека Бугарија не ги признава националните малциства, а во исто време протестира кај соседите за наводно лошиот третман на тамошните Бугари. „Бугарија не […]

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер во Турција (видео)


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска околу 18:45 часот по локално време го погоди турскиот град Коња. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри. Од кабинетот на гувернерот на Коња соопштија дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс. Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека […]

Брканица во Атина по грабеж на банка: Полицаец го ранил осомничениот


За време на потера во Колонос, Атина, по вооружен грабеж на банка, полицаец пукал и го ранил осомничениот. Потоа со возило на брза помош бил пренесен во болница. Според порталот Катимерини, денеска во утринските часови вработен во банка во Омонија го активирал копчето за паника за грабеж во тек. Полицаец кој не бил на должност, […]

Лажна вест е дека Коста Кецмановиќ се обидел да избега


Полицијата од Србија соопшти дека се неточни одредени информации во медиумите дека К.К.(14) се обидел да избега од здравствената установа во која се наоѓа. Тој е во таа установа откако на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград изврши кривично дело. „Потенцираме дека малолетниот К.К е под 24-часовен полициски надзор, што ја оневозможува […]

И Црна Гора им објави „војна на узурпаторите на плажите“


Подгорица – И Црна Гора ќе ги казнува туристите кои оставаат крпи но, и пластични шишиња на плажите. За прекршителите предвидени се високи парични казни. Локалната управа на Тиват соопшти дека нема да толерира таква појава и упати апел до граѓаните да не оставаат предмети на плажите бидејќи предвидени се казни од 100 евра за […]

Во јули во цела Грција имало 1.470 пожари


  Од 1 до 31 јули имавме вкупно 1.470 пожари од кои десет беа големи и со нив се справивме со големи тешкотии и со голем напор, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ и најави построги казни за оние кои потпалуваат или подметнуваат пожари, јави дописничката […]

Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“. „САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на […]

Бугарија излезе на протести по унакажувањето на 18-годишна девојка


  Бугарија пак е на улиците. Овој пат протестира за случајот на унакажување на лицето на една 18-годишна девојка од момче во Стара Загор. Протестите низ целата земја започнаа во 18 часот со барање правда во случајот на 26 јуни со девојката која беше избодена со лажен нож од нејзиното момче. Претходно денеска Окружниот суд […]

Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија


Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија. Досега […]

Сите први луѓе на Република Српска ставени на американската црна листа


  СAД воведоа санкции за Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на БиХ, премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ, министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ. Министерството за финансии на САД објави дека овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното […]

Белград: Маж со фантомка влегол во кафеана и застрелал полицаец кој не бил на должност


Белградската полиција трага по маж висок околу 180 сантиметри, со крупна градба на околу 30 години, кој вчера пукал со пиштол во Бојан Т.(26), суспендиран полицаец, кој седел во ресторанот „Старо Ужице“ на Автокоманда, дознава „Телеграф.рс“. Според информациите на порталот, обидот за убиство е снимен од камери. Неофицијално, на нив се гледа како маж со […]

Локалните избори во Бугарија ќе се одржат во крајот на октомври


Претседателот на Бугарија,  Румен Радев денеска потпиша указ за закажување на изборите за општински советници и градоначалници за 29 октомври 2023 година. Радев го одреди датумот по работната средба со претставници на раководството на Централната изборна комисија (ЦИК). Разговорот беше фопкусиран на спецификите на гласањето и за претстојната работа околу организацијата на изборниот процес. ЦИК […]

Во Србија наскоро ќе се отвори Канцеларија за информатичка безбедност


 Србија наскоро треба да добие нова институција – Канцеларијата за информатичка безбедност со цел поефикасна заштита на податоците на државните органи, граѓаните и стопанството од кибернапади и навремен одговор на инциденти, се наведува во билтенот на Националната алијанса за локален и економски развој (НАЛЕД). Како што беше нагласено, тоа е една од клучните новини на […]