Ердоган откажа – не доаѓа на европскиот самит во Молдавија


  Масовниот собир на европските лидери во четвртокот ја доживеа својата прва жртва од висок профил, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се повлече во последен момент. Турскиот лидер, кој освои уште пет години на чело на неговата земја на изборите во вториот круг во неделата, нема да отпатува во Молдавија на еднодневниот самит, соопштија […]

Тепачка во бугарското Собрание (ВИДЕО)


На крајот од денешната седница во бугарското Народно собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците, јавуваат бугарските медиуми.Претседателот на Народното собрание Росен Желјазков, веднаш по пресметката предложи седницата да се прекине, а пленарната сала го одобри барањето и така пратениците си заминаа нешто пред 10:30 часот. Пратеничката Искра Михаилова од националистичката Преродба (Вараждање) побара вториот […]

Хил: САД се апсолутно против потезите на Приштина, ќе има последици


 Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска во Белград изјави дека САД се „апсолутно против“ потезите на владата на косовскиот премиер Албин Курти. Хил потсети на зборовите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Приштина ќе ги сноси последиците за потезите што се спротивни на советите на САД.  – Многу јасно и ставивме до знаење […]

Опозицијата во Косово побара оставка од Курти и итно свикување на Советот за безбедност


 Во условни на вжештена ситуација во северниот дел на Косово, каде косовските Срби протестираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавич, настана тензија меѓу косовскиот премиер Албин Курти и опозицијата во земјата, пишуваат локалните медиуми. Лидерот на опозицијата Рамуш Харадинај од „Алијансата за иднината на Косово“ побара оставка од Курти, објави КосоваПрес, повикувајќи […]

Почина поранешниот министер и водечки член на ПАСОК Теодорос Пангалос


На 85-годишна возраст почина грчкиот политичар Теодорос Пангалос, поранешен министер, вицепремиер, но и водечки член на партијата ПАСОК, јави дописничката на МИА од Атина. Веста за смртта беше соопштена преку неговиот официјален Твитер профил. Пангалос беше политички активен над 30 години, откако во 1981 година за првпат беше избран за пратеник во грчкиот Парламент, а […]

Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки


Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра). Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии […]

САД забранија посети на официјални лица од Косово


Откажувањето на учеството на големите воени вежби на НАТО е првата последица што ќе ја почувствува владата на Албин Курти поради акциите на северот на Косово, изјави од Приштина американскиот амбасадор Џефри Ховениер. „За Косово, овие вежби се завршени“, изјавил американскиот дипломат Џефри Ховениер, наведувајќи дека владата во Приштина ги игнорирала американските повици за деескалација […]

Ѓукановиќ ќе биде почесен претседател на Црна Гора: Ќе добие 70 отсто од платата, канцеларија и обезбедување


  Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од следниот месец како почесен шеф на државата ќе добива плата од околу 1.680 евра, откако тоа сам го побарал, што му следува според Законот за претседател. Како што потврдија од „Вијести“, одлуката за обештетувањето ја потпишал претседателот на собраниската управна комисија Драган Краповиќ, а одлуката Комисијата […]

По големиот пораз на парламентарните избори Ципрас размислувал за оставка


Она што го помислив беше оставка, тоа беше првото чувство и не беше минливо, тоа беше нешто што ме мачеше со часови и денови, но кога го надминав шокот, сфатив дека единственото нешто што немам право да го правам е да дезертирам, откри лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас говорејќи за изборниот резултат пред десет дена, […]

Протест против Радев: „Ова не е Москва, дај си оставка!“


Граѓани спопладнево е собраа пред претседателската палата во Софија за да му порачаат  на шефот на државата Румен Радев дека Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и НАТО. Демонстрантите вееја бугарски знамиња, знаме на ЕУ, како и украинско знаме, со оглед на тоа дека Украина е кандидат за членство во ЕУ. „Фуражка […]

Курти: Демократијата не може да биде суспендирана или заложник


Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека „демократијата не може да биде суспендирана или заложник“. Во видео-обраќање на Фејсбук, Курти рече дека Приштина ја зајакнала комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел. Според него, албанските градоначалници на општините на северот на Косово и покрај слабата излезност на изборите поради бојкотот […]

Обвинителството бара да се симне имунитетот на Борисов поради случајот „Барселонагејт“


  Софиското градско обвинителство побара да се симне пратеничкиот имунитет на лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој во моментов е пратеник. Причината е покренувањето кривично гонење против него за перење пари во озлогласената куќа во Барселона. Ова барање е поради предистражната постапка во случајот познат како „Барселонагејт“. Од прибраните докази во […]

Стано: Дијалогот меѓу Белград и Приштина не е мртов


Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина „не е мртов“ и дека ЕУ сега работи уште поинтензивно за да им помогне на двете страни да најдат решение во рамките на дијалогот и да ја смират ситуацијата. „Оваа ситуација не настана ненадејно. Тоа е последица на поширок проблем меѓу […]

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово


НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата во кои беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од алијансата. „Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со […]

ЕУ до Косово и Србија: Веднаш да се најде политичко решение преку дијалог


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го осуди насилството на Косово и ги повика косовските власти и демонстрантите да ја смират ситуацијата и да се однесуваат одговорно, јави дописникот на МИА од Белград. -ЕУ силно го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилство извршено врз припадниците на КФОР, медиумите, цивилите […]

Втор хакерски напад врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција


Втор ден по ред хакерски напад создава проблеми во спроведувањето на завршните испити во средните училишта во Грција, а според грчките медиуми, обвинителот од Врховниот суд веќе наредил да се спроведе истрага, јави дописничката на МИА од Атина.  Националната мрежа за технологија и истражување утрово била на мета на хакерски напад, по што паднала и […]

Уапсени пет полицајци во Грција под сомнение дека помагале нелегален влез на мигранти во земјата


Грчката полиција од северниот дел на земјата уапсила петмина полицајци под сомнение дека соработувале со мрежи на криумчари од Турција и во најмалку 12 случаи олесниле влез во Грција на непознат број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.  Според медиумите во Грција, станува збор за гранични полицајци кај Еврос во близина на границата […]

НАТО го осуди неиспровоцираниот напад врз мировните трупи на Косово


НАТО остро го осуди неиспровоцираниот напад во кој беа повредени најмалку триесетина мировници – иако медиумите шпекулираат со бројка од околу 41 војник- кои се справуваа со демонстрантите во Косово во понеделникот, додека тензиите се разгоруваат во оваа балканска држава. „Додека се спротивставуваа на најактивните делови на толпата, неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент […]

Хрватска го слави Денот на државноста


Хрватска денеска го слави Денот на државноста во знак на сеќавање на конституирањето на првиот демократски избран повеќепартиски парламент на 30 мај 1990 година, кој по децении комунистичко владеење ги создаде темелите на модерниот парламент и ја потврди неговата улога во зачувувањето на хрватската државност. На 30 мај Собранието беше исполнето со бројни претставници и […]

Повредени десетици демонстранти и припадници на КФОР во протестите на Србите во северно Косово


 Повеќе од 50 граѓани од српска националност се примени во болницата во Севрна Митровица со повреди здобиени по судирот со припадниците на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, во текот на протестите против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јави МИА од Приштина. Според медиумските извештаи, во судирот […]