Продолжен му е притворот на таткото на детето убиец од „Рибникар“


Апелациониот суд во Белград му го продолжи притворот на В.К., таткото на момчето што изврши масовно убиство во „Рибникар“, за уште три месеци.

Да потсетиме, момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, како што дознава Курир, за време на сведочењето на видео линк открил дека татко му го нарекол психопат.

– Во текот на сведочењето во истрагата што Вишото јавно обвинителство во Белград го спроведе против неговиот татко поради сомнение дека не го обезбедувал соодветно оружјето што го поседувал и дека го одвел синот на стрелиштето, момчето убиец одговараше на прашања за семејните односи. Во еден момент рече „татко ми ми кажа дека сум психопат“, како и „отидовме на стрелиште да ја поправиме врската и да работиме на тоа“ – и додава дека останува нејасно што му претходело на изјавата на таткото да го нарече неговиот син психопат.

Вишиот суд во Белград го усвои и предлогот на членовите на семејствата на загинатите во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на момчето-убиец од Врачар да се префрлат на депозитот на јавниот извршител.

Во исто време, судот ѝ наложи на Народната банка на Србија да го изврши трансферот на пари како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членови на семејството на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка, потврди Курир.

Тоа значи дека парите од сметката на ова семејство ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител. Против ова решение е дозволена жалба , но тоа не го одлага извршувањето на решението.