Жена од БиХ ѝ ставала отров за мравки и средство за чистење во кафето на својата шефица


Судот во Бања Лука ја осуди на две години затвор 58-годишната поранешна директорка на Педагошкиот институт на Република Српска, прогласувајќи ја за виновна за обидот за убиство на нејзината шефица, на која ѝ ставала отровни материи во кафето.

Како што објавија локалните медиуми во Босна и Херцеговина во четвртокот, Нина Нинковиќ, сегашната просветна инспекторка, е неправосилно осудена за кривично дело опишано како обид за убиство, а дополнително мора да ги плати трошоците за судењето во износ од нешто помалку од две и пол илјади евра.

Првиот пат турила средство за чистење во кафето, а потоа и отров за мравки
Во образложението на пресудата, претседателот на судскиот совет на Окружниот суд, Благоје Драгосављевиќ, рече дека во текот на постапката е докажано дека Нинковиќ во два наврати истурила отровни материи во кафето што требало да го испие нејзината шефица Слаѓана Танасиќ.

Тоа го направила така што влегла во канцеларијата што ја користела Танасиќ кога не била таму, а истрагата утврдила дека во кафето прво истурила хемиска супстанца што се користи како средство за чистење, а вториот пат отров за мравки.

Ниту еден од обидите за убиство не успеал бидејќи Танасиќ одлучила да не го пие затруеното кафе поради чудниот мирис.

На крајот делото е целосно докажано благодарение на надзорните камери поставени во внатрешноста на Педагошкиот завод, а мотив за обидот за убиство биле конфликти од деловен карактер. Нинковиќ наводно била незадоволна од деградирањето на работното место по разрешувањето од директорската позиција. Таа има право на жалба на пресудата, како и на одлуката за продолжување на притворот во кој се наоѓа од декември минатата година.