Што пребарувал на интернет Коста Кецмановиќ пред масакрот во училиштето во Белград


На денешен ден пред три месеци се случи масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Тоа е злосторство без преседан што ја потресе целата нација.

Тогаш 13-годишниот К.К ликвидира десет лица во училишниот ходник и во канцеларијата за историја – девет ученици и еден чувар.

Една од последните информации е дека момчето убиец пред злосторството барало на интернет „дали во Србија има доживотна казна затвор“, пишува Бе92.

„Не знаев дека нема да одговорам, мислев дека ќе одговорам, затоа погледнав на Интернет да видам дали може да ме осудат на доживотен затвор. Сакав да знам што ме чека“, наводно им рекол тој на истражителите. 

Неколку часа по грозоморното злосторство, момчето убиец е сместено во психијатриска установа, каде 24 часа е под надзор на полицијата и вештаците. Не може да излезе надвор, да разговара со други деца или да прима посетители.

За разговор со него се задолжени неколку стручњаци, а тој секојдневно добива храна во својата соба. Неговите лични работи ги носи еден од неговите роднини.