Брканица во Атина по грабеж на банка: Полицаец го ранил осомничениот


За време на потера во Колонос, Атина, по вооружен грабеж на банка, полицаец пукал и го ранил осомничениот.

Потоа со возило на брза помош бил пренесен во болница.

Според порталот Катимерини, денеска во утринските часови вработен во банка во Омонија го активирал копчето за паника за грабеж во тек.

Полицаец кој не бил на должност, заедно со управителот за обезбедување на банката, го следеле сторителот, кој со одземените пари излегол од банката и за тоа го известил Центарот за Итна акција. Според соопштението, веднаш пристигнале полициски службеници и патролно возило.

Насилникот, кај кого била пронајдена поголема сума пари, со остар предмет се обидел да повреди двајца полициски службеници, од кои едниот бранејќи се употребил службено оружје, а осомничениот бил повреден и пренесен во медицинска установа.