Во Србија наскоро ќе се отвори Канцеларија за информатичка безбедност


 Србија наскоро треба да добие нова институција – Канцеларијата за информатичка безбедност со цел поефикасна заштита на податоците на државните органи, граѓаните и стопанството од кибернапади и навремен одговор на инциденти, се наведува во билтенот на Националната алијанса за локален и економски развој (НАЛЕД).

Како што беше нагласено, тоа е една од клучните новини на дополнетиот Закон за безбедност на информации, што се очекува да биде донесен во текот на есента, откако ќе помине во собраниска процедура.

Според, Јелена Мициќ од НАЛЕД, недостигот на обучен персонал и капацитет за инспекциски надзор, како и недоволното почитување на европските регулативи, немањето капацитет за соодветен одговор на инцидентите и нивно обелоденување преку медиумите и јавните комуникациски канали се некои од клучните проблеми кои поттикнаа системско решение на прашањето за безбедноста на информациите.

НАЛЕД потсетува дека тие и Канцеларијата за инфроматичка технологија и е-Влада ја тестирале ИТ безбедноста на податоците на граѓаните локално во 2018 година и дека анализата направена како дел од тој проект покажала дека од 63 локални самоуправи во Србија, речиси половината немаат соодветна регулатива за процедурите за безбедност на информациите.