Бугарија ќе го тргне Споменикот на советската армија од центарот на Софија


 

Новата бугарска влада преземе нови чекори да се оддалечи од советските години и руското влијание, иако промосковското расположение во државатаи натаму е многу високо.

Владата денеска даде „зелено светло“ за преместување на Споменикот на советската армија.

Со одлуката се менува статусот на споменикот – од јавна државна сопственост во приватна државна сопственост.

Тој чекор е неопходен за да се започне долгата процедура за преместување на Споменикот во советската армија од Кнежевската градина во Софија во Музејот на социјалистичка уметност или на друго место.

Допрва ќе се избере најсоодветната процедурална опција за преселба.

Неодамна, на 9 март, Советот на градот Софија одлучи локалната власт да побара од државата да го отстрани Споменикот на советската армија од центарот на градот. Споменикот е државна сопственост и општината не може сама да го премести.

Но, тогашниот вршител на должноста премиер, Галаб Донев, практично ја поништи одлуката на советниците одлука со тоа што ги повика политичарите да го остават прашањето за по изборите, а потоа не направи ништо за случајот.

Предлогот за преместување на споменикот на Советската армија го дале ГЕРБ и „Демократска Бугарија“.

На почетокот на 2021 година, амбасадорот на Русија во Бугарија со нота до Министерството за надворешни работи  побара Споменикот на советската армија лоциран во центарот на Софија и соседното земјиште да ѝ се додели на Русија на неопределено време и бесплатно користење а за возврат да го поправи споменикот.

Споменикот на советската армија регуларно е собирно место на проруските граѓани во Бугарија, каде што тие одржуваат собири.