Огромни поплави во Словенија, потопени села, пороите носат автомобили (Видео)

Во некои региони во текот на ноќта наврнале меѓу 100 и 200 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на месечната количина на врнежи


Водата носи сѐ пред себе во Камнишка Бистрица (Фото: Дело)

 

Поради обилните врнежи од дожд, кои од четвртокот вечерта предизвикуваат проблеми во некои делови на Словенија, голем број противпожарни единици се на работа цела ноќ. Според Управата за заштита и спасување, во последните 12 часа се регистрирани повеќе од 1.000 инциденти, а на луѓето им дошле на помош пожарникари од 168 противпожарни служби. Од три кампови луѓето мораа да бидат евакуирани.

Словенечката агенција за животна средина поради продолжени врнежи кои ќе предизвикаат натамошно издигнување и излевање на водотеците издаде црвено предупредување за североисточна, северозападна и централна Словенија, кое важи до денеска на полноќ.

Пожарникарите во текот на ноќта претежно црпеле вода од поплавените објекти, заштитиле неколку одрони, отстранувале отпад од под мостови и спасувале потопени возила од поплавените коловози, се вели во извештајот на Управата за заштита и спасување на Словенија.

Во Штаерска и Корушка на некои места се вклучија предупредувачки сирени поради опасност од поплави. Жителите на Целје утрото се разбудиле со сирена која предупредува на опасност од поплави. Засега реката Савиња сѐ уште е во коритото.

Шоштање

И покрај зголемениот проток на Драва, ноќните дождови во областа Подравје сè уште не предизвикаа поголеми проблеми, но предупредувачката сирена веќе е активирана на подрачјето на општина Марибор и општините Дуплек и Старше.

Според Драго Мурко, раководител на канцеларијата на Управата за заштита и спасување во Птуј, Драва кај Златолич има струен проток од над 2.000 метри кубни, што сѐ уште е во горните граници, кои засега не го загрозуваат инаку поплавеното подрачје.

Обилните врнежи предизвикаа излевање на водотеците и лизгање на земјиштето во многу области на Горењска. Командантот на Цивилната одбрана за Горењска, Клемен Шмид, објасни дека во моментов најпогодено е подрачјето на Шкофја Лока, кадње има отсечени места.

Во Корушка многу патишта се затворени за сообраќај, реките веќе ги преминаа своите корита, многу куќи и визби се поплавени, а предизвикани се и бројни одрони, соопшти  словенечката управа за заштита и спасување. Општина Солчава моментално е отсечена од светот. Ситуацијата се менува од минута во минута, мостот кај Дравоград е затворен. Многу луѓе од Корушка се заробени во своите домови и повикуваат на помош, бидејќи водата ги поплавува.

Во некои региони во текот на ноќта наврнале меѓу 100 и 200 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на месечната количина на врнежи, изјави метеорологот Бране Грегорчич за Радио Словенија.

Тој додаде дека, сепак, ниту капка дожд не паднала на морето и во Бела Краина.

„Денеска го засиливме предупредувањето за северниот дел на црвено, пообилни врнежи ќе има во текот на денешниот ден, а исто така и во текот на ноќта. Тежиштето на врнежите ќе се движи од запад кон исток, каде на одредени места уште не ни врнел“, изјави Грегорчич.

Најголем дел од проблемите биле на подрачјето на Корушка и Горење, каде во некои делови веќе има поплави, а на места почнуваат и одрони.

Во текот на денот и утре се очекува излевање на реките и на истокот од земјата.

Како што информираат од сообраќајниот информативен центар, некои патишта се затворени поради последиците од невремето.

 

Хрватска се подготвува за невреме

Карловац се подготвува за предвидениот пороен дожд и невреме, се ставаат вреќи со песок.

„Ќе се поделат вреќи со песок на потенцијално загрозените делови на Карловац, особено на МО Борлин и Велика Јелса, обезбедени се церади и потребниот материјал, исчистени се сите одводи, а изведувачите дополнително се предупредуваат за нивната одговорност за градилиштата“, беше договорено на вчерашната состанок на Здружениот штаб цивилна заштита на град Карловац.

Пожарникарите ќе доставуваат вреќи со песок до делови од градот кои можат да бидат загрозени, „Водовод и канализација“ ќе се грижат за одводите, а и ВиК и Топлификација, со оглед на работата на Агломерацијата и замената на топловодната мрежа, дополнително ќе ги потсетуваат изведувачите да се грижи за градилиштата.