Хрватска бара од Црна Гора да ѝ ja врати едрилицата „Јадран“
Загреб- Хрватска денеска испрати протестна нота до Црна Гора поради одбележувањето на 90-годишнината од школскиот брод Јадран, едрелица која Хрватска се обидува да ја врати од 1991 година.
Белата едрилица долга околу 60 метри е изградена во 1933 година и оттогаш до 1991 година била заведена во списоците на флотата на хрватските пристаништа, објави загрепскиот портал Индекс.
Испловил на ремонт во Црна Гора во 1991 година, кога бил регистриран во родното пристаниште Сплит и се уште се наоѓа во таа земја, пишува порталот.
Почнувајќи од минатата недела, Црна Гора ја одбележа 90-годишнината на бродот со низа настани, за кои Министерството за надворешни и европски работи во нота го изрази „најсилниот протест“.
„Присвојувањето туѓ имот е спротивно на вообичаените практики, меѓународното право и европските вредности за кои се определила Црна Гора“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Танјуг.
Официјален Загреб ја повика Подгорица да даде приоритет на билатералното решавање на судбината на тој брод, за кој се вели дека е „симбол на вековната хрватска поморска традиција“, како и да избегнува еднострани активности кои се спротивни на напорите за , во духот на добрососедските односи, „принципите на почитување и меѓународното право наоѓаат трајно решение“.