Во Словенија цел ден се очекува ново излевање на реки, некои места се уште се отсечени


Водата носи сѐ пред себе во Камнишка Бистрица (Фото: Дело)

Сосотојбата со поплавите во Словенија не е подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија се уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми.

Реката Сава се поплавува во поголеми размери, во долниот тек во наредните часови ќе го достигне својот најголем проток. Во текот на ноќта евидентирани се бројни интервенции низ државата, дежурни екипи и надлежни служби се на терен и продолжуваат со отстранување на настанатите последици и помагање на населението, јавија словенечките медиуми.

Мнистерот за одбрана Марјан Шарец на прес-конференција синоќа најави дека Словенија ќе побара меѓународна помош, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич во наредните денови ќе ја разгледа состојбата во земјата.

Во 11 часот ќе заседава Советот за национална безбедност, а потоа и Владата.

Според предвидувањата на премиерот Роберт Голоб, ќе биде прифатен предлогот за измена на законот за отстранување на последиците од елементарни непогоди, кој првично беше планиран по одморите.

Неколку места во земјата се уште се отсечени. Меѓу нив е и општина Межица. Како што напишаа во соопштение, за нив тоа е катастрофа каква што не паметат.

-Во моментов сите граѓани се безбедни. Сепак, ситуацијата се уште се менува од минута во минута. Цел ден беа активирани сите надлежни служби во општината кои се обидуваа да ја решат или ублажат штетата. Ни помагаат од словенечката Армија и пожарникари од Мурска Собота. Состојбата во нуклеарната централа Кршко е стабилна и под контрола, соопшти словенечката управа за нуклеарна безбедност, откако од електраната констатирале дека забележале „ненормален настан“ поради големиот проток и високиот водостој на реката Сава. 

-Нивоата на Сава се уште не се доволно високи, изјави Томаж Немец од Дирекцијата за нуклеарна безбедност, јавија словенечките медиуми.