Мура и Сава соборија рекорди


Реката Сава во Хрватска, синоќа го  собори рекордот на нивото на водата, по неколкудневните невремиња со силен дожд и поплавниот бран кој стигна од Словенија.

Нивото на водата утрово запре на 878 сантиметри, а последните две мерења стагнираа.

Мурата во Мурски Средишќ утринава го собори и рекордот од 2010 година со водостој од 543 сантиметри, што е и историски максимум, но и таа почна да паѓа според мерењето во 6 часот.

Сава опаѓа кај Загреб

Сава кај Загреб опаѓа, водостојот на реката е намален за околу еден метар.

„Таму имаме и некои реконструирани насипи, за жал не секаде, па на десетина места и од десната и од левата страна на Сава требаше да се изгради ѕид со должина од 50 до 150 метри.

Очекуваме во понеделник повеќе да не се зголемува нивото на водата во тој реон, односно очекуваме да се намали од Ругвица до Дубровчак“, рече Новосел, додавајќи дека се поставени линии за заштита од поплави и дека треба само да се контролирани.

Тој оцени дека „дефинитивно“ ќе има некакво истекување кое треба итно да се санира во следните 24 часа, а потоа се надева дека просторот ќе помине без закана од поплави.

Новосел наведува дека освен за Ругвица, вонредна состојба на одбрана од поплави е воведена и за Великогорица, односно подрачјето на општина Орле.