Поскапуваат патарините во Грција


Концесионерите на главните грчки автопати најавија значително зголемување на патарините кои ќе стапат на сила од следниот месец, што предизвика остра реакција од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, објавија грчките медиуми. Во соопштението на министерството, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 […]

Хрватските навивачи ќе одговараат за тешки кривични дела


  За четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла и за криминална организација, кривично ќе се гонат уапсените 104 лица, од кои над 90 се хрватски државјани, за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим. Во кривичните дела е вклучено […]

Словенија ќе добие 400 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ


Словенија ќе добие 400 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ, 100 милиони евра годинава и 300 милиони евра следната година, најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по денешната посета на областите во Словенија погодени од поплавите и разговорот со словенечкиот премиер Роберт Голоб, објавија словенечките агенции. Ова е само дел […]

Бугарија ќе го сокрие во музеј Споменикот на Советската армија во Софија


Бугарската држава ќе ја преземе целата организација на преместувањето на споменикот на Советската армија, без сопственоста да биде префрлена на општина Митрополитот. Ова на Фејсбук го напиша градоначалникот на градскиот регион „Средец“ Траичо Трајков. Според него, информацијата ја потврдила Вјара Тодева – регионален гувернер на Софија. Администрацијата на регионалната администрација во Софија пред неколку дена […]

Ветингот во Албанија покренува непријатни прашања за соседството


Долго време се поставуваа прашања за потеклото на богатството на албанскиот судија Артур Малај. Но, кога тој го помина процесот на судска проверка во Албанија, надлежната комисија го потврди на функцијата. Потребна беше комисија од меѓународни експерти за да изврши притисок за да се направи ревизија не само на имотот на Малај, туку и на […]

По дојава за бомба се евакуира судот во Крушевац


Во тек е итна евакуација на судот во Крушевац, откако било пријавено дека во една од судниците има поставено бомба, јавија српските медиуми. Повикот е добиен од непознато лице, а тоа рекло дека во зградата е поставена бомба. Во тек е евакуација од судската палата во Крушевац поради дојава за поставена бомба. Дојава има и […]

Бугарија: По скандалот Вежди Рашидов си оди и од собранието и од политиката


  Познатото лице на бугарската политика, Вежди Рашидов, разбра колку последици можат да имаат невнимателно искажани зборови. Тој денеска објави дека поднесува оставка како пратеник на ГЕРБ и ја напушта политиката поради зборовите за „курвите“ во понеделникот. „Има закони и сега. Зошто си ги чешаме јазиците? Сите курви се разбудиле за да се сетат дека […]

Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа


  Сите 94 уапсени лица кои вчера беа приведени од грчката полиција, по навивачките немири во пресрет на натпреварот од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, ќе бидат изведени пред обвинител. Уште пет Хрвати, кои наводно учествувале во групата што ги предизвикала крвавите инциденти во Неа Филаделфија во Атина, вчера […]

Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици


Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала […]

Банките во Хрватска не можат веќе да наплатуваат провизија за предвремено отплатени кредити


Уставниот суд на Хрватска пресуди дека т.н излезни такси за предвремена отплата на банкарски кредити се незаконски. Имено, банките во договорот за заем имаат одредба дека заемопримачот може целосно или делумно да го отплати кредитот пред крајниот рок и дека е должен да плати провизија за предвремена отплата на кредитот. Висината на надоместокот беше утврдена […]

Вработена во хотел си ја побарала последната плата пред да даде отказ – сопственикот ја нападнал


Бројни здруженија од Мостар, Коњиќ, Јабланица и Сараево за денеска во 18 часот најавија масовни протести во Јабланица. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“ која беше физички нападната од сопственикот на хотелот Амир Џафиќ, но и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на […]

Вјоса Османи бара од Гугл да го признае Косово


Пред речиси еден месец беше покрената онлајн петиција со која се бара од компанијата Гугл да го признае Косово на своите платформи. Иницијативата на корисниците од албанска националност ја поддржа и косовската претседателка Вјоса Османи. – Драго ми е што се приклучив на иницијативата на „dua.com“, која го повикува Гугл да го вклучи Косово во […]

Вучиќ: „Виновен сум што не ја признав независноста на Косово, горд сум на таа вина“


 – Видов дека пратениците потпишаа писмо во кое ме нападнаа затоа што им помагав на луѓето во Република Српска – изјави за време на своето обраќање попладнево српскиот претседател Алексанар Вучиќ. – Како што Господ знае што правам со Србите во Црна Гора, има медиуми во Србија кои сакаат да претстават дека јас сум виновен […]

Сменети седуммина одговорни во грчката полиција заради пропуштањето на хрватските хулигани


Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече […]

Фон дер Лајен утре ќе отпатува во Словенија за да изрази солидарност по поплавите


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе отпатува за Словенија за да изрази солидарност и поддршка поради поплавите, соопштено е денеска во Брисел. Претседателката на Европската комисија, која е придружувана со европскиот комесар за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, со словенечките власти ќе разговара за поддршката на ЕУ за […]

Како хрватските хулигани побегнаа од радарот на грчката полиција


  И покрај тоа што беше забрането движењето на навивачите од Хрватска за натпреварот со АЕК, хулиганите пристигнале во Грција со автомобили и во колона се упатиле кон Атина. Весникот „Катимерини“ пишува дека иако биле следени навивачите успеале да ја измамат полицијата за време на нивното патување. Хрватите во Грција влегле од граничниот премин Какавија […]

Грција во шок по убиството на навивачот од хулиганите на Динамо


  Цела Грција сѐ уште е во шок по ужасните сцени кои се случија пред арената ОПАП во грчката населба Нова Филаделфија. Пред натпреварот од Лигата на шампионите, повеќе од 100 навивачи на Динамо Загреб нападнаа навивачи на ривалот АЕК, а во нападот беше убиен 29-годишен навивач на грчкиот клуб. На местото на нападот навивачите […]

Скандалозна изјава на бугарски пратеник, не знаел дека микрофоните се вклучени


  „Има закони и сега. Зошто си ги чешаме јазиците? Сите курви се разбудиле за да се сетат дека биле силувани пред 15 години. Како со тој американски режисер што го направија мајмун“. Овие зборови на бугарскиот пратеник Вежди Рашидов предизвикаа бран огорченост во земјата. Од „Бугарскиот фонд за жени“ побараа оставка, а вечерта свикаа […]

Неколку милијарди евра изнесуваат штетите од катастрофалните поплави во Словенија


Љубљана – Штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави премиерот на таа земја Роберт Голоб.   Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. – […]

Еден убиен и осум повредени во инцидентите предизвикани од навивачи на Динамо Загреб во Атина


Атина – Едно лице, веројатно навивач на АЕК, беше убиено во инцидентите во Атина што доцна синоќа ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб во пресрет на денешниот натпревар на грчкиот и хрватскиот фудбалски тим, а повредени се осум и уапсени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијалните информации, група од околу 150-200 […]