Како хрватските хулигани побегнаа од радарот на грчката полиција

На навивачите на Динамо им беше забрането доаѓањето во Атина. Но, сепак, тие преку Албанија стигнаа во Атина. Полицијата ги следеше нивните автомобили, но потоа ги изгуби


 

И покрај тоа што беше забрането движењето на навивачите од Хрватска за натпреварот со АЕК, хулиганите пристигнале во Грција со автомобили и во колона се упатиле кон Атина.

Весникот „Катимерини“ пишува дека иако биле следени навивачите успеале да ја измамат полицијата за време на нивното патување. Хрватите во Грција влегле од граничниот премин Какавија со Албанија и дека потоа се движеле крај Јонското Море застанувајќи кај Кијато.

Весникот тврди дека имало сигнал до полициските служби од регионот (Западна Грција, Епир) да се откријат движења на Хрватите и да ја информираат централата. Изворите наведуваат дека безбедносно возило привремено го следело конвојот, но следењето потоа било прекинато, без да се исклучи можноста дека властите ги загубиле.

Полициски извори јавуваат дека за движењето на Хрватите биле информирани полициските служби на целата држава. Сепак, по нивното влегување од Какавија, властите не успеале да ги лоцираат и да спречат хулиганите да стигнат до Атика.

Дел од хрватските хулигани заминале во Нова Филаделфија со своите автомобили, од кои дел полицијата ги запленила на просторот околу стадионот, а дел преку се движеле од станицата „Ирини“. Всушност, хрватските хулигани се сретнале и се здружиле со грчки хулигани и од станицата „Пефкакија“ се преселиле во Нова Филаделфија.

Засега не се знае дали меѓу уапсените е и извршителот на убиството. Конечните заклучоци за ова ќе произлезат од анализата на аудиовизуелниот материјал, примероците од ДНК и сите докази кои ќе се побараат од надлежните.

Изгледа дека владата ќе ги смета за одговорни офицерите чија задача била „набљудување“ на хрватските навивачи додека тие беа на грчка територија.