Вучиќ: „Виновен сум што не ја признав независноста на Косово, горд сум на таа вина“


Фото: Б. Грданоски

 – Видов дека пратениците потпишаа писмо во кое ме нападнаа затоа што им помагав на луѓето во Република Српска – изјави за време на своето обраќање попладнево српскиот претседател Алексанар Вучиќ.

– Како што Господ знае што правам со Србите во Црна Гора, има медиуми во Србија кои сакаат да претстават дека јас сум виновен за сè во регионот –  рече тој.

– Јас сум виновен што не ја признав независноста на Косово и со тоа создадов проблеми во регионот. Јас сум виновен и горд сум на таа вина – рече Вучиќ.

Инаку, денеска во 18 часот, на јавноста во Србија ѝсе обратија претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, кои појаснија кои се приоритетите на Владата, ги открија плановите за „Експо“, ВУќич најави и брзи возови кои до Беглрад ќе водат со 120 км/ч, а Брнабиќ рече дека обновата на становите и училиштата се дел од приоритетите.