РСЕ: Вучиќ и Курти неделава ќе се изјаснат за барањата на голема петорка, можна средба во Брисел


Лидерите на Србија и на Косово неделава треба да се изјаснат за барањата што им ги презентираа членовите на „големата петорка“, пишува денеска Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на дипломатски извори и додава дека е можна средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел пред самитот на ЕУ на […]

Пописот во Албанија оди кон неуспех, особено за малцинствата, вели лидерот на грчката партија


  Лидерот на грчката партија за заштита на човековите права, ПБДНЈ и пратеник во албанскиот парламент, Вангел Дуле, во изјава за медиумите изрази резервираност за пописните резултати, пред сè за веродостојноста на податоците за националните малцинства. Дуле нагласи дека за пописот немало ангажирани попишувачи од малцинствата, што условило етничката припадност да ја пишуваат како што […]

Турција испраќа нова помош за Појасот Газа


Анкара – Турција испраќа нова помош за Појасот Газа, јавуваат турските медиуми. Помошта главно вклучува лекови и медицински материјали. Тие ќе бидат испратени во Египет со авиони на турските воздухопловни сили, од каде ќе бидат испорачани во Појасот Газа, информира државната телевизија ТРТ-Хабер. Пакетите со помош се подготвени по наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Продолжуваме […]

За осум месеци Грците потрошиле 22,7 милијарди евра на игри на среќа


На игри на среќа, односно казина, онлајн казина, лотарии и слично, во првите осум месеци од годинава, Грците потрошиле 22,7 милијарди евра, според податоците од Комисијата за надзор и контрола на игрите, кои ги пренесува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот коментира дека драматично се зголемуваат износите што Грците ги обложуваат […]

Бериша: Обвинувањата против мене и семејството се ниски удари на Рама


Поранешниот албански премиер Сали Бериша доцна синоќа  одржа итна прес-конференција во врска со изречените безбедносни мерки за него и апсењето на  неговиот зет за ќерка Јамарбер Малтези. Бериша рече дека обвинувањата против него и семејството се неосновани и оти тоа се ниски удари на премиерот Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата. -Рама […]

Лајчак од Белград: За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот


Белград – По неуспехот од последнниот дијалог во Брисел меѓу Белград и Приштина, и по вооружениот напад во Бањска во северно Косово, големата петорка предводена од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска, после Приштина допатуваа во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во обид за продолжување […]

Хрватска се подготвува за невреме, целата земја под портокалов метеоаларм


Облачно со повремени врнежи од дожд, спорадични врнежи со грмежи, обилни врнежи, а локална бура и посилна грмежи најверојатно ќе има во Далмација, особено на југот, прогнозира денеска хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за Хрватска. Спорадичниот дожд за време на ветровитиот октомври е невообичаен, а му претходеше рекордно топол ден. Во централниот и јужниот дел […]

Канцеларијата на ЕУ во Приштина потврди: Визите за Косово се укинуваат на 1 јануари


Приштина – Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот до порталот Калѕо (kallxo.com), Канцеларијата на ЕУ укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани го нарече историски момент во односите ЕУ-Косово. – Визната либерализација […]

Евро-американска дипломатска петорка денеска во Приштина и Белград


Приштина – Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, денеска ќе престојува во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Дипломатската петорка ќе биде примена во […]

„Кроација ерлајнс“ купува 15 нови авиони за 500 милиони долари


  Првиот од 15 нови авиони „Ербас А 220“ во флотата на „Кроација ерлајнс “треба да пристигне во јуни 2024 година, изјави за „Јутарњи лист“ Томислав Михотиќ, државен секретар во Министерството за транспорт. Михотиќ и извршниот директор на „Кроација ерлајнс“, Јасмин Бајиќ, неодамна ја посетија фабриката „Бомбардиер“ во Канада, каде што се произведуваат авионите на […]

Џејми Оливер отвора ресторан во Белград


Ресторан од синџирот на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie’s Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. На официјалната страна на белградскиот ресторан „Jamie’s Italian“ стои дека ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка, во населбата Белград на вода. -Горд сум на „Jamie’s Italian“. Нашиот одличен тим е како […]

Белград добива модерна железничка станица, белграѓани ја чекаат речиси 50 години


  Новата зграда на железничката станица Белград Центар во Прокоп која ќе биде отворена денеска, се простира на вкупна бруто површина од 6.250 метри квадратни, има 100 паркинг и паркинг места на горното ниво на комплексот, 12 ескалатори и 10 лифтови, 13 комерцијални објекти. Изградбата на железничката станица во Прокоп започна пред половина век, а […]

„Ер Србија“ ги сопре сите летови кон Тел Авив


Српската авиокомпанија „Ер Србија“ штотуку ги извести патниците дека сите летови до Тел Авив се прекинати. „Почнувајќи од денес, поради сè посложената безбедносна ситуација во Израел, „Ер Србија“ е принудена привремено да го прекине сообраќајот меѓу Белград и Тел Авив. Следниот лет планиран за недела, 22 октомври 2023 година, нема да се реализира, како и […]

Почнува судењето на родителите на момчето убиец од „Рибникар“


Денеска, во Палатата на правдата во Белград, почнува судењето на родителите на момчето-убиец по приватни тужби поднесени од 27 членови на семејствата на жртвите од основното училиште „Владислав Рибникар“. Станува збор за граѓанска постапка по пријава на семејствата во која истакнале имотно-правно побарување поради претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и поради […]

ДПС одлучи да го бојкотира пописот на населението во Црна Гора: Се врши етнички инженеринг


Главниот одбор (ГО) на Демократската партија на социјалистите (ДПС) одлучи да го бојкотира претстојниот попис на населението, потврди Монтенегрин њуз. Таа партија побара одложување на пописот за најмалку шест месеци, за да ги добие сите законски и формални услови за одржување на тој процес. Бидејќи тоа не се случи, Генералното собрание одлучи на бојкот, на […]

Ер Србија: Можен прекин на летовите до Тел Авив


  Националната авиокомпанија на Србија „Ер Србија“ денеска соопшти дека поради сè посложената безбедносна ситуација во Израел, можна е привремена суспензија на редовните летови на компанијата од Белград до Тел Авив. Договорено е „Ер Србија“ да продолжи внимателно да ги следи информациите поврзани со аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, како и дека е во […]

Над 60 повредени во антиизраелските протести во Истанбул поради експлозијата во болницата во Газа


Истанбул – Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која палестинските власти ја обвинија израелската армија. Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал […]

Вкупно 78 бугарски научници се меѓу првите два отсто од најдобрите научници во светот


Вкупно 78 бугарски научници се меѓу првите два отсто најдобри научници во светот, според овогодинешното рангирање на Стенфорд – аранжман за севкупниот развој на кариерата на научниците. Шеснаесет од нив се членови на Бугарската академија на науките (БАН) – академици и дописни членови, а уште 33 се научници од Академијата, јавува прес-центарот на БАН. Рангирањето […]

Како Русија регрутира Срби да се борат во Украина?


  На почетокот на септември Бранко се качи на директен лет од Белград за Москва. По неколку дена во руската престолнина, Бранко, со уште тројца српски државјани, беше однесен во воен регрутен центар во Красногорск, град близу Москва, каде групата потпиша договор со руската војска. „Сè помина многу брзо; за еден ден станав војник на […]

Вучиќ ja нарече непријателска одлуката на Бугарија да воведе данок на гасот што оди во Србија


 Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствува на Третиот меѓународен форум Појас и пат во Пекинг, реагираше на зголемувањето на таксите на Бугарија за рускиот гас од гасоводот Турски поток за Србија и Унгарија. – Ние и Унгарците вчера реагиравме со заедничка изјава, Синиша Мали го потпиша решението со Сијарто, Орбан и јас го одобривме – […]