Од експлодирана батерија на тротинет изгоре стан во Крушевац


Синоќа во населбата Расадник во Крушевац избувна пожар во кој изгоре целиот стан по експлозија на литиумска батерија на тротинет. Според објавените слики на социјалните мрежи, пожарот го зафатил и горниот спрат, пишува Блиц.

Во Атина пронајдена бомба од Втората светска војна


 Бомба од Втората светска војна, беше пронајдена вчера во населба во јужниот дел на Атина, а денеска, поради планираното деактивирање и од безбедносни причини затворени се улици и евакуирани четири згради, јави дописничката на МИА од Атина.  Станува збор за бомба од стар тип со тежина од над 220 килограми, а беше пронајдена за време […]

Пописот на населението во Албанија продолжен до 15 идниот месец


 Државниот институт за статистика на Албанија, ИНСТАТ, вечерва соопшти дека пописот на населението и домаќинствата, што требаше да заврши на 30 овој месец,  продолжува до15 следниот месец. Во соопштението на ИНСТАТ, се наведува дека „околу 3 отсто од подрачјата на  целата територија на Република Албанија се уште се не попишани, затоа рокот се продолжува за […]

САД бара екстрадиција за сите осомничени во аферата „Бањска“, Вучиќ шокиран


Српскиот претседател Александар Вучиќ доживеа шок на седницата на Советот за безбедност посветена на односите меѓу Србија и Косово, откако САД побараа екстрадиција на сите осомничени за тероризам во аферата „Бањска“, поврзан со конфликтот меѓу српските паравоени групи и косовските полициски сили на северот на Косово што се случи на 24 септември, што е удар […]

Милатовиќ: Црна Гора во рок од пет години ќе стане членка на ЕУ


Подгорица– Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во интервју за Гардијан истакна дека Брисел има можност да ја обнови својата посветеност на проширувањето на Европска Унија, така што Црна Гора ќе стане земја-членка. – ЕУ може да ја покаже својата обновена посветеност на принципот на проширување, така што во рок од пет години ќе ја прифатат Црна […]

„Пронајди ме“: Во Србија почнува да функционира систем за итно известување за исчезнати деца


Белград – Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување. Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, […]

Косовската полиција заплени марихуана вредна 400.000 евра близу границата со Србија


Косовската полиција во вторникот вечерта заплени 182 килограми марихуана во вредност од околу 400.000 евра, на истокот на земјата, во граничната област меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. При проверка на автомобил со косовски регистарски таблички е пронајдена марихуаната за која постои сомневање дека се превезувала од Србија во Косово. Во […]

Курти за „Фајненшл тајмс“: Без казна и санкции за Србија дефинитивно нема да има дијалог


Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека доколку Србија не биде казнета или не се воведат санкции за терористичкиот напад во Бањска на 24 септември, „дефинитивно нема да има дијалог“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти рече дека Србија мора да се соочи со последиците […]

Тројца поранешни министри на СИРИЗА: Партијата е во сериозна криза


Итно свикување на Политичкиот секретаријат на СИРИЗА и одржување на Конгресот што е можно поскоро, бараат Ефи Ахциоглу, Насос Илиопулос и Алексис Харицис, пратеници од СИРИЗА и поранешни министри, велејќи дека ситуацијата во партијата е сериозна и „сите имаат одговорност за единството, а пред сè раководството на партијата“, јави дописничката на МИА од Атина.  Во […]

Косовскиот министер Свечља вели дека нови групи за напади се обучувале во Србија


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека […]

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија


Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот – чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи […]

Вучиќ: Со Курти за два до три дена повторно одиме во Брисел


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува за два до три дена повторно да оди во Брисел на разговори со косовскиот премиер, Албин Курти, но дека засега не може да зборува за тоа бидејќи така било договорено, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање во Лесковац дали ќе има […]

Русија бара од Албанија екстрадиција на криминалниот бос Кокунов


Тирана – Во северниот албански град Скадар под многу строги безбедносни мерки се одржа судско рочиште против Русинот Игор Кокунов, познато лице од криминалот, кој беше уапсен во август на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, јави Топ чанел. Адвокатот на Кокунов, Исуф Шеху, го оспорил документот за екстрадиција, бидејќи бил потпишан од заменикот главниот обвинител на […]

Хрватска од ЕУ „заработила“ 12 милијарди евра


Загреб – Вкупната нето добивка на Хрватска од членството во Европската унија е 12 милијарди евра, а целта е да го достигне просечниот стандард во следните десет години, изјави денеска во Саборот, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ. Пленковиќ го презентираше годишниот извештај за работата на Владата пропратен со бучни реакции на пратеници од опозицијата кои беа […]

Црна Гора: Спаиќ најави одложување на пописот за еден месец


  Мандатарот за состав на црногорската влада Милојко Спаиќ најави дека новата извршна власт заедно со парламентарното мнозинство ќе предложи одложување на пописот на населението за еден месец. Пописот е закажан за периодот од 1 до 15 ноември. Лидерот на Движење Европа, Спаиќ истакна дека за легитимитет на пописот важно е учеството на опозицијата во […]

ИФИМЕС: Бугарија ги користи тензиите меѓу Србите и Албанците за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово


  Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово и да им даде државјанство, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана. Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со […]

Почнаа поделби во СИРИЗА, се подготвува нова партија


Извори од главната опозициска партија во Грција, СИРИЗА, оценија дека  ставот на некои кадри во партијата укажува на „план за создавање на нова партија“. „Сета оваа ескалација во последно време на опозициски став кон партијата и кон нејзиниот лидер Стефанос Каселакис, очигледно е дел од овој план, која е веќе е ставен во движење, да […]

Лидерот на СИРИЗА избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри


Тројца членови на СИРИЗА, сите поранешни министри се на чекор пред заминување од партијата, откако лидерот Стефанос Каселакис соопшти дека со нивните ставови избрале да се стават вон партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на најголемата грчка опозициска партија доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Димитрис Вицас, Панос Скурлетис и Никос Филис […]

Јанша на удар на словенечката владејачка коалиција бидејќи повика на вооружување на луѓето


Владејачката коалиција во Словенија денеска остро го осуди повикот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша за вооружување на луѓето, по пропалестинскиот митинг што се одржа во четвртокот во Љубљана. Лидерите на партиите од владејачката коалиција го нарекоа неговиот повик „целосно неодговорен“, пренесе агенцијата СТА. Тие во заедничко соопштение наведуваат дека и поканата на поранешниот премиер, […]

Двајца Албанци загинаа во борбите во источна Украина


Веста за смртта на двајца Албанци ја соопшти албанскиот парламентарец Пандели Мајко, кој на социјалните мрежи напиша дека информацијата ја добил од албанскиот конзул во Украина. „Од денеска Украина има уште два сина, од редовите на албанската дијаспора, кои паднаа во војната. Тие беа војници на украинската армија кои се бореа и ги дадоа своите […]