Во Црна Гора срушена куќата на десеткратниот убиец


Вчера, во цетинската населба Медовина по наредба на надлежен инспекциски надзор е демолирана куќата на Вук Бориловиќ, масовен убиец од Црна Гора. Уривањето започна околу 18:30 часот иако беше најавено за пладне.

Според образложението до кое имала пристап РТВ Цетиње, куќата е урната врз основа на инспекциско решение на Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот, бидејќи објектот на спорната катастарска парцела нема одобрение за градба.

Тој беше убиен од полицијата
Барањето за уривање го поднел Милош Мартиновиќ, човек чија сопруга и синови биле убиени од Бориловиќ за време на невидениот масакр. Куќата е урната со согласност на членовите на семејството на Бориловиќ. Инаку, по масакрот во неколку наврати избувнаа пожари во куќата.

На 12 август 2022 година, 34-годишниот Бориловиќ попладнето во Медовина уби десет и рани шест лица, меѓу кои и еден полицаец кој беше застрелан во главата. Загинал во размена на оган со полицијата.