Андрија Мандиќ избран за претседател на црногорското Собрание


Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Андрија Мандиќ е избран за претседател на црногорскиот Парламент, јави МИНА. На тајното гласање за избор на Мандиќ гласаа 49 пратеници, а немаше гласови против. На гласањето не присуствуваа пратениците од Демократската партија на социјалистите, Бошњачката партија, Социјалдемократите, Либералната партија, Демократскиот сојуз на Албанците, Хрватската граѓанска иницијатива […]

Под истрага на СПАК на сопругот на поранешната министерка Џачка му се конфискувани 5,5 илјади квадратни метри земјиште


Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) му заплени 5.512 квадратни метри земјиште на Артан Гачи, сопругот на поранешната министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Земјиштето е на крајбрежјето кај едно од најубавите приморски гратчиња, Химара, со кое Гачи се здобил со статус стратешки инвеститор. -Привремената конфискација е извршена во рамки на […]

Вучиќ и ММФ со задничка оценка за одличните резултати на Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со која разговараше за фискалната, монетарната и енергетската стабилност, јави дописникот на МИА од Белград. „Шефот на Мисијата на ММФ, Донал Мекгетиган, истакна дека Србија постигнала одлични резултати, строго следејќи ги препораките на ММФ и имплементирање на целите дефинирани со […]

По 18 години Бојко Борисов ја загуби Софија


  ГЕР на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо. По првиот круг на […]

Бил на скијање за време на боледувањето – банката му испрати детектив и го отпушти


Управникот на позната хрватска банка отишол на скијање за време на боледувањето. Банката испратила приватен детектив по него, му врачила вонредно известување за отказ, за судот оваа недела да одлучи дека раскинувањето на договорот за вработување е незаконски. Банката сега мора да му исплати отштета во износ од 14.240 евра и да му ги покрие […]

Летото во Грција уште трае – морето топло како во јуни


Иако за еден ден влегуваме во ноември, во Грција сѐ уште трае летото. Судејќи по објавите и коментарите на социјалните мрежи, многу наши туристи решиле да ги спакуваат куферите и да летуваат на брегот на Егејското Море. Како што е наведено на Фејсбук страницата „Грчка инфо“, циганското лето, како што нашиот народ ги нарекува топлите […]

Партијата на Дачиќ оди самостојно на изборите


Функционерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), познатиот адвокат со потекло од Битола, Тома Фила изјави дека партијата чиј лидер е Ивица Дачиќ на претстојните избори ќе излезе самостојно и со своја изборна листа, јави дописникот на МИА од Белград. -Сами ќе се излеземе со избирачки список, јас секогаш бев за тоа, но коалицијата (со […]

Турција слави 100 години од основањето на Републиката


Во Република Турција денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката и 100 години од прогласувањето на Република Турција. Како што јави Анадолија, Денот на Републиката се одбележува низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмараш. Делегација предводена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган […]

Рама: Рајанер на 31 октомври почнува со летови од и до Тирана


Познатата компанија Рајанер (Ryanair) на 31 овој месец ќе започне со летови од и за Албанија и ќе понуди 17 дестинации. Веста ја објави премиерот на Албанија, Еди Рама, кој вели дека со овој нов развој на настаните ќе се отворат работни места и ќе се обезбедат нови можности за летови од Тирана до европските […]

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти


– Соединетите Американски Држави ги повикаа Косово и Србија итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград. -Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација, се наведува во […]

Лидерите на Франција, Германија и Италија ја повикаа Србија неофицијално да го признае Косово


Лидерите на Франција, Германија и Италија синоќа ја повикаа Србија „де факто“ да го признае Косово, кое прогласи независност во 2008 година, но што Белград сè уште го смета за своја покраина. Во изјавата објавена еден ден по разговорите со двете страни, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони […]

Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари


Бугарија е ставена на сивата листа на земји што подлежат на засилен мониторинг од страна на Работната група за финансиска акција (Financial Action Task Force). Државите на сивата листа имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да се спротивстават на перењето пари и финансирањето на тероризмот, но соработуваат со ФАТФ за да ги надминат проблемите. Бугарија […]

Украински хеликоптер слета на фарма во близина на Карловац. Полицијата го опколи


 Денеска во Карловац слета скап украински хеликоптер. Станува збор за моделот Robinson R66 Turbine, вреден околу 1,5 милиони долари, кој слетал околу пладне на полето на фармата Шумбар во сопственост на ППК Карловац, односно Група Пивац, пишува Јутарњи. На хеликоптерот стои регистарскиот број UR-HAA, што значи дека е украински, па мештаните веднаш повикале полиција. Немаше […]

Бранимир Главаш осуден на седум годинини затвор за военото злосторство во Осиек


  Жупанискиот суд во Загреб денеска, по повторено судење, го прогласи Бранимир Главаш повторно за виновен за воени злосторства врз српските цивили во Осиек за време на Татковинската војна, за што тој веќе одлежа поголем дел од претходната казна. Заедно со Главаш, беше осудена и Гордана Гетош-Магдиќ, поранешен командант на вод на специјалната единица за […]

„Катимерини“: Грција и Турција блиску до договор за справување со мигрантскиот проблем


Постојано присуство на претставник на грчката крајбрежна служба во Измир и на турски службеник на Лезбос; „мораториум“ за непријателски изјави и визни олеснувања за турските граѓани на неколку грчки острови, се трите точки за кои веројатно ќе се договорат Грција и Турција за подобро справување со мигрантскиот проблем, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на […]

Српски производи повторно вратени од хрватска и словенечка граница поради недозволени супстанци


Системот на Европската унија за брзи информации за безбедноста на храната (РАСФФ) соопшти дека во октомври две пратки од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија. Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот […]

Обилни дождови повторно ја зафатија Словенија: Реките надојдоа, морето се излеа, се слушаат сирени


Цела Словенија во текот на ноќта беше зафатена од врнежи, а најобилни на западот од земјата. Поради плимата и осеката се огласија сирените во Пиран и Изола. Реките во западниот дел на земјата веќе почнаа да се издигнуваат, а ќе се зголемат и водотеците во другите делови на земјата. Особено е загрозен сливот на Купа, […]

Макрон, Шолц, Мелони и Мишел ги убедуваа Вучиќ и Курти


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти одржаа денеска повеќесовни одвоени средби со европски лидери во Брисел, но не седнаа заедно на маса. Разговорите започнаа околу 14:00 часот со средба меѓу Мирослав Лајчак, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и лидерите на Франција, Германија […]

Мицотакис до Абас: Хамас е терористичка организација и не го претставува палестинскиот народ


Позициите дека Грција поддржува политичко решение за две држави, но и дека Хамас е терористичка организација и не го претставува палестинскиот народ, му ги изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во денешниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.  Мицотакис, како што информираа од неговиот кабинет, изразил загриженост […]

Авион на Визер од Белград кон Базел пренасочен поради дојава за бомба


Авион на Визер од Белград за Базел бил пренасочен и слетал на аеродромот во Фридрихсхавен, во германската покраина Баден-Виртемберг, јави Н1. На сајтот на белградскиот аеродром, пишува дека авионот Ербас 327 за Базел тргнал во 12.47 часот, додека на сајтот на аеродромот во Базел пишува дека авионот е „пренасочен“. Во текот на летот патниците добиле […]