Загрепска Икеа евакуирана, се огласил алармот


Загрепската „Икеа“ беше евакуирана денеска откако се вклучиле алармите, јавуваат хрватските медиуми.

Клиентите и работниците се евакуирани согласно процедурата.

Како што пренесува N1, алармите се вклучиле во Икеа во Загреб, најверојатно поради дефект.

По еден час, ИКЕА повторно беше отворена.