Снимка од Златибор за која се зборува: „Градежен криминал кој трае“


Тема на социјалните мрежи станаа сликите од Златибор, кој е една од најпопуларните балкански дестинации за зимски патувања.

Иако одамна е познато дека Златибор се соочува со проблем со преголемата градба, многумина сметаат дека ситуацијата сега е критична. Снимките се направени за време на новогодишните празници.

„Не одам во таа каша и да ме платат“, „Буквално ја срамнија планината“, „Градежен криминал кој продолжува“, „Сигурно е дека никогаш повеќе нема да одам таму за да не ги расипам тие прекрасни спомени додека сè уште беше таму вистинска планина“, се дел од реакциите.

Хидрогеологот и поранешен секретар за животна средина во белградската градска управа, Бранислав Божовиќ, меѓу другото, претходно изјави дека овој простор е претворен во град со сомнителни комунални решенија и планови.

„Со концентрацијата на она што се случи и што сега се случува на Златибор, всушност е загрозено многу повеќе, целокупната средина и сите правци на пренесување на влијание и загрозување на околната територија, вклучително и површинските и подземните води, воздухот и се друго. Тие наскоро ќе го исфрлат Златибор од нешто што би можело да се нарече здравствено одморалиште, климатско подрачје кое е погодно за летен и зимски одмор“, рече тој, а пренесува ozonpress.net.