Грција ги зголеми давачките: За десет дена поскапо до 100 евра


Од 1 јануари, грчката влада воведе нова еколошка такса и таа сега се плаќа наместо данокот за престој, кој беше актуелен од 2018 година.

Еколошката такса ќе се наплаќа на лице место во текот на целата година и ќе зависи од категоризацијата на сместувачкиот објект.

Во периодот од март до октомври за студиа и апартмани ќе се наплаќа по 1,5 евра по лице за едно ноќевање. Хотелите до две ѕвезди ќе чинат 1,5 евра по лице за ноќевање, хотелите со три ѕвездички три евра по лице за ноќевање, хотелите со четири ѕвездички седум евра по лице по ноќевање, додека хотелите со пет ѕвезди ќе чинат десет евра по лице за ноќевање.

Да потсетиме, грчката влада претходно изјави дека ги зголемува туристичките такси за да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.