Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија


Доцна синоќа земјотрес ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар. Земјотрес бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија.

Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Сеизмолозите од Албанија порачуваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.