Нов протест во Белград, се обрати и Мариника Тепиќ, па е пренесена на интензивна нега


 

Протестот на иницијативата во Србија „ПроГлас“ наречен „Не се согласуваме“ заврши пред Уставниот суд во Белград. Барањето на протестот е поништување на изборите поради „изборна кражба“. Граѓаните им покажаа црвени картони на институциите. Пред толпата кусо се обрати и изнемоштената Мариника Тепиќ која сѐ уште штрајкува со глад.

Претходно иницијаторите на „ПроГлас“ ги повикаа сите „едногласно, мирно и одлучно да кажат дека не се согласуваат со препишување на изборната волја, дека не се согласуваат со обесмислувањето на демократијата и владеењето на правото и дека се не се согласувам со раѓање на гола автократија во Србија“.

Таа иницијатива во соопштението потсети дека „поради изневерената изборна волја на граѓаните“ бара во рок од шест месеци да се одржат нови парламентарни и локални избори во Србија, по процесот на суштинска промена на изборните услови.

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, која 13 дена штрајкува со глад, им се обрати на насобраните на митингот кај фонтаната Теразие.

Мариника Тепиќ се искачи на сцената со помош на колегите Мирослав Алексиќ и Радомир Лазовиќ. Таа им се обрати на насобраните во видно лоша состојба, но со насмевка на лицето и солзи во очите.

„Жал ми е што не можам и немам многу да ви кажам. Веќе кажав сѐ, дека овие избори мора да се поништат“, рече Тепиќ и се симна од бината со помош на нејзините колеги. Веднаш е пренесена на интензивна нега, соопшти Партијата на слободата и правдата.

Таа беше испратена со силен аплауз од присутните, а наместо него збор зеде пратеникот Радомир Лазовиќ.