Косовската дијаспора во изминатите 11 месеци испратила во земјата над 1,2 милијарди евра


Централната банка на Косово (ЦБК) соопшти дека косовската дијаспора од 1 јануари до крајот на ноември 2023 година испратила во земјата милијарда и 217 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 10,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според извештајот на ЦБК, вредноста на дознаките само во ноември годинава изнесува 101,3 милиони евра.

Најголемиот дел од дознаките се преку небанкарските финансиски институции, со учество од 65 отсто, потоа преку останатите канали со 19 отсто и банките со 16 отсто.

Во однос на средствата на осигурителните компании, ЦБК информира дека до ноември годинава нивната вредност била 300,6 милиони евра и бележи зголемување за околу 200 илјади евра во однос на октомври 2023-та.

Средствата на пензиските фондови во истиот период достигнале вредност од 2,65 милијарди евра, што бележи пораст од 54,3 милиони евра.

ЦБК објави и дека средствата на другите финансиски посредници на крајот на ноември се зголемени за 2,8 милиони евра во однос на претходниот месец, достигнувајќи вредност од 499,4 милиони евра.