„Знам како се крадат изборите. Бев таму“: Зорана Михајловиќ ја објаснува технологијата во Србија

Поранешната министерка во владите на Вучиќ објаснува дека технолгијата за „успех“ на изборите е направена уште пред четири-пет години


Зорана Михајловиќ (Фото: АФП)

 

Поранешната министерка и вицепремиерка на Србија, Зорана Михајловиќ, која пред половина година го напушти СНП на Вучиќ, за Н1 откри дека протестите на белградските улици поради нерегуларностите во изборниот процес се природен тек на настаните.

Основачот на движењето „Секогаш за Србија“ изјави дека била грешка да се оди на гласање додека не се уредат избирачките списоци.

„Се случи изборна кражба, но не само тоа. Има ли еден човек на светот покрај Вучиќ кој ќе каже колку беше чиста изборната недела? Полицијата употреби прекумерна сила и апсеше луѓе, само за да ја зачува власта. Целосно е јасно дека имало изборна кражба, бидејќи избирачките списоци не беа уредени“, посочи таа.

Според Зорана Михајловиќ, ангажирањето на жандармеријата е метод на руската служба ФСБ.

„Тоа беше обид на Вучиќ, кој не знаеше како да се справи со протестите. На сите им беше јасно дека, покрај жандармеријата, имавте и разни уфрлени луѓе и обид да направите многу поголем инцидент“, рече таа.

„Во Србија нема човекови права. Има инженеринг што го вршат луѓе блиски до претседателот, кои ја ставаат политиката на СНП пред државата“, рече Михајловиќ.

Таа додаде дека СНП со години создава мрежа и назначува луѓе кои се слепи следбеници. Според неа, таа мрежа била формирана од мала група луѓе кои се околу Вучиќ.

„Знаење, професија – тоа не постои. Тоа е првиот круг. Вториот круг се луѓето кои почнавме да ги гледаме последниве години во автомобили без регистарски таблички кои веројатно имале задача на некој начин да се закануваат. Во исто време имавте луѓе во партијата кои имаа одредени обврски, кои не беа неуки, туку беа параван. Сега можам да кажам за себе дека бев параван за многу работи“, рече поранешнната членка на СНП и и неколку мандати министерка.

Михајловиќ додаде и дека, без разлика на тоа, со текот на времето се формирало јавно мислење кое не го сака тоа.

„Навистина мислам дека беше грешка да се излезе на гласање додека не се средат избирачките списоци. И тоа е причината што движењето ‘Секогаш за Србија’ на 8 ноември изјави дека нема да учествува на изборите и ги покажа списоците што ги добивме од луѓето на Федерацијата Босна и Херцеговина“, рече таа.

Михајловиќ рече дека постојат сомнежи оти на тие списоци се наоѓаат неколку десетици илјади луѓе на тие списоци.

„Она што го имавме во рацете беа десет листови хартија, но луѓето кои ни ги дадоа тие хартии рекоа дека повеќе од 30.000 луѓе се од Република Српска. Дали е така или не, нам ни е јасно дека нешто се случило. Дали се е од Република Српска, дали некои се од Македонија или од некој друг дел на поранешна Југославија, сосема е јасно дека се случи одредена кражба“, истакна Михајловиќ, додавајќи дека списоците им ги дала и на новинарите.

На прашањето да ги коментира информациите до кои дојдоа новинарите на БИРН во врска со кол центарот, односно шемата за собирање гласови, Михајловиќ посочи дека таа постоела во изминатите неколку години.

„Не е формирана сега, туку пред четири до пет години. Никогаш не сум бил во ниту еден. Се формираа групи, едни се занимаваа со избори, а други со други теми. Јас како министер имав сосема други обврски. Но, луѓето кои беа во извршниот одбор имаа задача да разговараат со сите“, рече таа.

Михајловиќ додаде и дека веќе некое време кажува дека со СНП пред сѐ владее со страв.

Таа нагласи дека опозицијата мора да има јасен став кога оди на избори.

„Нема избори додека не се уредат избирачките списоци, тоа мора да биде првиот услов. Не можете да ми кажете дека изборите во Белград се украдени, а парламентарните не. Опозицијата мора да се обедини“, објасни таа.

Михајловиќ потенцира дека единственото нешто што може да помогне во овој момент е институционалната криза.

„Се јавува кога ќе речат дека никаде нема да ги земат мандатите, бидејќи ако се украдени белградските избори, кој може да гарантира дека не се украдени и парламентарните“, рече поранешната министерка.