Објавени се минималните плати во Европа. Кој е на врвот по реална куповна моќ? Каде е Македонија?


  Новите податоци на Евростат за втората половина од 2026 година покажуваат дека само осум од 29-те европски земји ги зголемиле своите бруто минимални плати од јануари, додека инфлацијата во еврозоната во истиот период изнесувала 3,2 проценти. Рангирањето на земјите според минималната плата значително се менува кога се зема предвид реалната куповна моќ, пишува Еуроњуз. […]

Зошто Мицкоски и на Илинден зборува за предавства, талог, отров, цинизам…?


  Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, на Мечкин Камен на 2 Август зборуваше за демографијата и за надградба на татковината за која сонувале илинденците. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Скопје велеше дека е неопходна борба против корупцијата, организираниот криминал и партократијата, со цел младите да останат да живеат и работат во Македонија.  А премиерот Христијан Мицкоски […]

Фон дер Лајен го пофали Санчез за справување со мигрантската криза во Сеута


  Урсула фон дер Лајен го пофали Педро Санчез за справувањето со 60.000 пристигнувања на мигранти во Сеута и истакна дека епизодата ја истакнува потребата од зајакнување на миграциската политика на ЕУ. „И шпанските и мароканските власти го управуваа ова ефикасно и ефективно, успешно спречувајќи го нелегалното движење кон континентална Шпанија и Европа“, напиша Фон […]

Има опасна бактерија во водата во Гостивар – пријавени нови 84 пациенти, вкупно 4.684


  Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи има бактерија која е опасна по здравјето на луѓето. Ова денеска го изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на прашањето каква бактерија има во водата во Гостивар. „Постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие […]

Дунав веќе не личи на река, нивото на вода намалено за речиси еден метар во Бугарија


Нивото на водата на реката Дунав во бугарскиот дел останува ниско и продолжува да опаѓа на места, објавува БГНЕС, повикувајќи се на податоци од хидрометеоролошките станици. Најниското ниво на водата е забележано во близина на Русе – минус 91 сантиметри, а во последните 24 часа нивото се намалило за уште 2 сантиметри. Во Орјахово нивото […]

Мигрантската инвазија во Сеута го тестира единството во ЕУ, Шпанија бара итен состанок по „себичните“ одговори на кризата


Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повика на итен состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ по она што тој го нарече „себична, поларизирачка и незаконска реакција“ на некои земји-членки на масовното гранично преминување оваа недела во шпанската енклава Сеута, во северна Африка, пишува Гардијан. Повеќе од 50.000 луѓе влегоа на територијата од Мароко во четврток […]

Се намалува бројот на изнајмени станови и деловни простории, има пад и кај закупнините за становите


Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво.  Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, […]

Околу 40.000 мигранти се вратиле денеска во Мароко откако насилно влегоа во енклавата Сеута


  Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека се верува дека околу 40.000 мигранти се вратиле од Сеута во Мароко денес, како дел од шпанските напори за пресврт на миграциските текови преку границата од синоќа. Доколку се потврди, тоа би било речиси половина од сите за кои се верува дека ја преминале границата, со оглед […]

Мелони виде шанса да ја искористи миграциската криза во енклавата Сеута


  Само пред една недела, Јесика Росвал, централно-десничарска европска комесарка, наслика идилична слика за Шенген зоната, фалејќи ги „беспрекорните патувања“ овозможени од „децениите европска соработка“. Таа фантазија за Брисел сега е разбиена. Италијанската влада на Џорџа Мелони се закани дека ќе ја суспендира Шенген соработката со Шпанија, искористувајќи ја миграциската криза на Мадрид во енклавата […]

СДСМ најавува жешка есен, ќе поднесе интерпелација за Гаши и Стоилковиќ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека премиерот Христијан Мицкоски вчера избегал од можноста да му се постават пратенички прашања и дека циркусот што се одвиваше во Собранието бил оркестриран од потпретседателката Весна Бендевска. Тој нагласи дека е единствениот од опозицијата што успеал вчера да постави прашање, иако имало цела листа на пријавени, окарактеризирајќи […]

Македонија изгуби милиони евра од ИПА, Владата манипулира дека „нема финансиски импликации“


  Македонија остана без ИПА-средствата предвидени за изградбата на третата делница од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија,а од Владата тврдат дека реструктуирањето на финансиската рамка за овој проект – нема нови финансиски импликации за Македонија! Практично, да не беа поднесени законските измени за заемите од ЕИБ и ЕБРД во Собранието, немаше ни да се знае […]

Пауза по пауза, блокирана седницата за пратенички прашања


  Наместо пратенички прашања, седницата во Собранието повторно денес мина во знакот на меѓусебни обвинувања и паузи. Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села побара одговор од премиерот Христијан Мицкоски на прашањето што му го поставила на претходната седница. Според Даути, да ѝ одговорел тогаш, немало сега да го прашува истото и […]

Алармантно предупредување од Брисел: „Наскоро би можела да гори цела Европа“


  Големите шумски пожари што беснеат во Шпанија, Франција и Португалија со денови би можеле да бидат само почеток на исклучително тешка сезона за гаснење пожари. Европскиот координативен центар за реагирање во вонредни ситуации (ЕРЦЦ) предупредува дека ризикот од нови пожари би можел нагло да се зголеми во Грција, Италија и делови од Централна Европа […]

Мицкоски објави зошто водата во Гостивар не е уште за пиење – имало нова бактерија во инсталациите


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево откри зошто водата во Гостивар не е сѐ уште за пиење, туку може да се користи само за техничка употреба – имало резидуелна бактерија во инсталациите. „И уште некое време таа вода така ќе остане. Сега веќе во инсталацијата ги нема оние фекални колиморфни бактерии како што се […]

Гаши го тргна од дневен ред контроверзниот закон за „Скопје – престолнина на културата“


  Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 година нема да се најде на дневниот ред на денешната 119. собраниска седница. Ова е компромисот кој на вонредната координација на претседателот на Собранието Африм Гаши и шефовите на пратеничките групи е договорен откако претходно опозицијата со процедурални забелешки не дозволи да се утврди дневниот […]

Заминува уште една странска компанија, БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се сели во Полска


  Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува литиум-јонски батерии, донесе одлука целосно да го затвори својот производствен погон во Македонија до крајот на 2026 година и да го пресели своето производство во Полска. Со оваа деловна одлука се засегнати околу 90 лица кои што беа вработени во погонот во Скопје, но и други потенцијални […]

Урнебесно видео од интервју на Мицкоски: „Нема воз за ЕУ. Сега има воз и вагон кој сами го ‘клатиме’“


  Тешко може да се објасни делот од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за поткастот „Риштази“ на весникот Коха, каде што тој дава изјави кои се „спектакуларни“. А за некого и неразбирливи, затоа што се контрадикторни. Кога новинарот Назим Рашиди го прашува дали ако Македонија не ги направи уставните промени, ќе изгуби уште еден воз […]

Министерот Клековски загрижен во Гостивар да не се појави жолтица


  Најкритичната фаза со епидемијата во Гостивар изгледа е надмината затоа што таа се смирува, но за министерот за здравство, Сашо Клековски, е загрижен дека сега може да се појават нови заразни заболувања, како жолтица. Клековски на денешната прес-конференција соопшти дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и […]

Нема дозвола за решетките на Македониумот. Инспектори ќе одат во Крушево


  Инспектори од Управата за заштита на културното наследство утре ќе одат во Крушево да видат што се случува со Македониумот и какви решетки се поставуваат на галериите со витражи. Во изјава за порталот „Сдк“ директорката на Управата, Весела Честоева, вели дека нејзината институција не дала дозвола да се поставуват решетките. Честоева вели дека во […]

Дизелот од утре 98,5 денари, бензините поскапуваат за 3 денари


  Цените на горивата одат забрзано нагоре. Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за […]