Како жената фармер во Англија ги откри сомнителните лица во близина на воената база

Антитерористичката полиција истражува иранска врска со сомнителниот бомбашки заговор во базата на РАФ што ја користат САД


Петтемина упасени кои се осомничени за терористички заговор

 

Жената фармер која вели дека го вклучила алармот за присуство на сомнителни луѓе во близина на воздухопловната база Ферфорд во Англија, утрово зборуваше долго за програмата „Тудеј“ на Би-Би-Си Радио 4. Во инцидентот близу базата беа уапсени петмина осомничени. Во таа база слетуваат и американските стратешки бомбардери.

Еве дел од она што го кажа:

„Се враќав дома доцна од забава. Кога стигнав до нашата фарма видов дека и патеката и патот блокирани од три бели комбиња… Забележавме одредена активност од она што претпоставував дека се полицајци во цивил во претходните неколку дена, па првично помислив дека можеби ова е повеќе од истото.

Немав друг избор освен да го свртам возилото и да се вратам по патот по кој дојдов. Возејќи на кратко растојание од комбињата, видов голема група мажи со качулки и маскирани. Кога ме видоа, истрчаа пред мене, некои во полето, а некои кон соседното село Кемпсфорд.

Потоа сфатив дека се случува нешто многу необично. Со оглед на мојата свест за безбедносна закана за базата, веднаш ја повикав полицијата на Министерството за одбрана, телефонот заѕвони и тие не се јавија. Во 1,36 часот наутро се јавив на 999 за да пријавам што видов. За 10 минути, селото беше полно со вооружени полицајци. Мислам дека беше чиста среќа што пристигнав во селото во слично време како и комбињата.

Апсолутно сум зачудена што мене, како член на јавноста, ми беше оставено да го видам и пријавам ова. Воздухопловната база има поставено блокада на патот близу до влезот во базата, но не и на другите патишта.

Но, претпоставивме дека некој ќе ги следи патиштата околу периметарот на базата и ќе врши редовни патроли во селото. Очигледно, ова не се случуваше и верувам дека мојот повик на 999 ги осуети сите нивни планови.

Уште поизненадувачки е што, по мојот повик во 1,36 часот наутро, полицијата беше свесна за присуството на трите комбиња, но не го евакуираше селото до 6 часот наутро.

Никој од полицијата не ме контактираше за да ме праша нешто за тоа. Мислам дека беа хиперфокусирани и внимателни во врска со самата база и немаа апсолутно никаква почит кон нашето село.

Комбињата беа на само неколку метри од куќите, а тие луѓе не беа свесни, освен фактот што испратив порака до Вотсап групата во нашето село, надевајќи се дека некои луѓе ќе бидат будни и ќе можат да се осигурат дека нивните врати се заклучени… Само навистина сакам да истакнам дека се чини дека некој навистина го пропуштил ова“.

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, утрово разговараше со медиумите од конференцијата на Лабуристичката партија за инцидентот во близина на RAF Ферфорд.

Стритинг рече дека е благодарен за будноста на граѓаните за кои се смета дека помогнале во известувањето на службите за итни случаи за сомнителниот терористички заговор.

Тој ја обнови својата благодарност особено до локалната земјоделка која ја повикала полицијата откако наводно видела „голема група мажи со качулки и маски“ во близина на базата во неделата рано наутро.

Стритинг изјави за Скај њуз:

„Благодарам на таа членка од јавноста. Таа направи точно она што се надевавме дека би го направил некој во таква вонредна ситуација. Навистина сум ѝ благодарен – мислам дека постапи, според сопственото признание, брзо и промислено, и дека го направи она што е исправно. Сепак, со почит, таа има само делумна слика. И тоа е сè што сакам да кажам утрово“.

Полицијата за борба против тероризмот истражува дали Иран стои зад сомнителниот бомбашки заговор откако вооружени полицајци пронајдоа експлозиви во три комбиња паркирани неколку минути од базата на РАФ што ја користи американската војска.

„Гардијан“ дознава дека откако петмина мажи беа уапсени под обвинение за тероризам, истражителите ги испитуваа материјалите пронајдени во комбињата, со првичен став дека тие се во согласност со импровизирани експлозивни направи.

Робот ја проверува содржината на трите компбиња со кои се возеле осомничените

Сликите што кружеа во неделата покажаа мажи без маица како се врзани со лисици во темна селска улица во раните утрински часови во неделата, откако полицијата беше повикана поради пријави за три сомнителни комбиња што се движеа кон базата во Глостершир, каде што се сместени мисиите на американските воздухопловни сили против Иран.

За време на големиот инцидент, жителите на 85 домаќинства во селото Велфорд беа брзо евакуирани во рекреативниот центар Сиренсестер и беше поставен кордон од 400 метри околу белите комбиња додека роботите од бомбашкиот одред на армијата ги испитуваа.

По нивното првично апсење поради експлозивни дела, петтемина мажи приведени рано во неделата беа дополнително уапсени подоцна во текот на денот под сомнение за подготовка на терористички чин. Фотографиите на мажите голи од половина нагоре би можеле да укажуваат на превентивна мерка против ризикот од самоубиствени елеци или скриено оружје.

Апсењата доаѓаат во време кога војната меѓу САД и Иран се влошува. Во јули, Корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран ја забележа употребата на оваа база на РАФ од страна на американските бомбардери, предупредувајќи ја Велика Британија дека „секоја база што се користи за агресија против иранската територија претставува легитимна цел за нашите сили“.

Дали имало какво било странско вклучување е дел од истрагата, а иранското министерство за разузнавање и безбедност претходно организирало напади во странство.

Секоја докажана врска со Иран би била драматична ескалација на непријателствата меѓу Велика Британија и Техеран. Додека неколку неодамнешни инциденти во Велика Британија се поврзани со земјата од Блискиот Исток.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, тврдеше дека осомничените биле под истрага „долго време“ и дека мажите „сакале да направат голема штета“ – иако британските медиуми пишуваат дека  операцијата не била водена од разузнавачки информации, што сугерира дека истражителите однапред не знаеле за никаков потенцијален заговор.

„Беше фантастично. Соработката со Велика Британија беше неверојатна работа“, рече Трамп.

Ферфорд има особено долга писта, која се протега 3 км. Таа е засилена за поддршка на тешки бомбардери како што се Б-1 и Б-52, кои се распоредени во напади врз Иран. Авионите се способни да носат голем товар, вклучувајќи и бомби „разбивачи на бункери“.