(Фото галерија) Штрковите ги спакуваа куферите за пат од 10 илјади километри


Штрковите во Македонија веќе ги „спакуваа куферите“ и почнаа да се селат во потоплите краишта каде што ќе презимат, пред повторно во март идната година да се вратат во своите гнезда на нашите простори. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги овековечи нивните последни подготовки во гнездата јужно од Штип, пред патот долг десетина илјади километри.   […]

Водата во Гостивар е безбедна за пиење


Водата во Гостивар конечно е безбедна за ппиење, соопштија денеска од Главниот штаб за управување со кризи.  (Во живо) Прес на Главниот штаб за водата во Гостивар Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење. Последните добиени резултати потврдуваат дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно […]

Огнена стихија на Балканот: Пожарникарите во Македонија, Хрватска и Грција спасуваа животи и куќи


Балканот се соочува со драматична и критична состојба откако разорни шумски пожари истовремено ги зафатија Хрватска, Грција и Македонија, предизвикувајќи масовни евакуации, повредени граѓани и огромна материјална штета. Силните ветрови и екстремните температури дополнително ја отежнуваат битката на противпожарните екипи на терен. Најдраматично изминатото деноноќие беше во Хрватска, каде што беа вложени надчовечки напори и […]

Против Груби поднесено обвинение за злоупотребите во „Државна лотарија“


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите […]

(Фото) Во Скопје сонцето зајде неколку минути пред затемнувањето


Повеќе десетици граѓани попладнево се упатија кон скопската тврдина Кале со очекување дека ќе присуствуваат на делумното затемнување на Сонцето кое што беше најавено дека ќе биде видливо и од нашите краишта. Сепак, конфигурацијата на теренот, односно скопската котлина и високата Шар Планина на запад, го попречија спектаклот, па Сонцето се спушти зад видикот непосредно […]

Ѓорѓиевски се напи вода од чешма за да покаже дека е безбедна (видео)


Водата во СКопје е чиста и нема никакво загадување со ешерихија коли, а таа вода ја пие и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и неговото дете.  Во текот на денешниот ден, се рашири информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, што надлежните одговорно тврдат дека не е точно. – Ова е организиран […]

Прогласена епидемија на западнонилска треска во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден


 Епидемија на западно-нилска треска е прогласена во скопските општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден. Здравствените власти убедуваат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од Западно-нилска треска.   Во земјава, од почетокот на годината се евидентирани 26 пациенти заболени од Западно-нилска треска, а еден […]

Околу 700 Филипинки добиле македонски пасоши преку амбасадата во Австралија


Додека државата се празни, дијаспората на Македонија во странство станува се поголема – и тоа не само поради новите иселеници, туку и преку семејствата што тие ги формираат надвор од нашите граници. Како илустрација, според неофицијални податоци, во текот на оваа година во Австралија биле издадени околу 700 патни исправи на Филипинки кои стапиле во […]

(Видео) Се зголемува бројот на загинати во разорниот земјотрес во Колумбија. Најмалку 132 жртви


Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погоди земјата во последните години. Властите прогласија вонредна состојба, а се стравува бројот на жртвите да се зголеми додека спасувачите трагаат по луѓето затрупани под урнатините, јавува Би-Би-Си. Според Националниот геолошки институт, земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е […]

ЗНМ бара итно постапување поради директните закани по живот кон Ерол Ризаов


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата колумна објавена на порталот „Независен.мк“ и на неговата официјална Фејсбук-страница. ЗНМ упати ургенција до МВР, со барање случајот да биде детално проверен. Особено […]

Големо намалување на цените на дериватите: Дизелот за 8 денари за литар, бензините за четири


Од полноќ, нафтените деривати ќе се продаваат значително поевтино на бензинските пумпи во државата, дизелот за осум денари за литар, а бензините за четири денари за литар. според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Како што се посочува во денешното соопштение, РКЕ донесе Одлука со која […]

(Видео) Струмица блокирана од земјоделците, дојдоа со нивните деца – бараат реални откупни цени за пиперката „ајварка“


СТРУМИЦА- Струмица и денеска е блокирана од големиот протест на земјоделците производители на пиперката – куртовска капија, кои дојдоа со нивните деца. Голем е револтот кај производителите од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм. И денеска земјоделци од Струмичко со земјоделска механизација се собраа во центарот на градот да го […]

Мицкоски од Брисел го сподели промо-видеото по повод 35 години независност на Македонија


Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, додека е на осумдневен одмор во Белгија со семејството.  „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. На 8 септември се одбележувааат 35 години од независноста на […]

Хемиска кастрација за сексуални престапници воведуваат Велика Британија и Италија – Македонија досега никого не кастрирала?


Хемиската кастрација за сексуални престапници, со акцент на педофилите, почнува да се воведува во неколку европски земји, а Македонија иако ја има предвидено оваа можност уште во 2014 година, сепак, нема јавно достапен податок за извршена кастрација, досега. Шабана Махмуд, министерката за правда на Велика Британија, изјави дека пилот-проект за доброволна хемиска кастрација на сексуални […]

Инфлацијата го губи здивот? Во јули на годишно ниво забави на 2,3 отсто


Иако јули е месец кога се очекува инфлацијата да „папса“, со оглед на изобилството на понуда, пред се на земјоделски производи, годинава се покажа „жилав“, во однос на јуни, па трошоците на живот се зголемијна незначително за о,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Сепак, на годишно ниво, односно јули годинава […]

Ќе го смири ли казната од 250 евра врсничкото насилство во училиштата


Булингот, врсничкото насилство, онлајн или во живо, го подигна алармот за преземање мерки од страна на државата, а не како досега, со повремени кампањи, често финансирани од општествено одговорни компании или меѓународни организации. Случаите на физичко насилство, кога поголеми ученички тепаа и малтретираа помали од нив, терајќи ги да ги молат или да јадат измет, […]

Потпишани договорите за железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, неопходни откако отпадна ИПА грантот


Со потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Денешниот […]

Треба ли Македонија да стравува од енергетската криза во Европа


Невообичаено долгиот период на многу топло време во Европа и намалените водостои на некои од најголемите реки како Рајна и Дунав, од една страна ја зголемија потрошувачката на електрилчна енергија, а од друга, доведоа до намалување на производството кај хидроелектраните и до најави за можно исклучување на некои од нуклеарните централи. Нуклеарката Пакш, која обезбедува […]

Големите нафтени компании остварија профит од 93 милијарди долари од војната со Иран


  Осум од најголемите нафтени компании нагрнаа профит од над 90 милијарди долари  за само три месеци, бидејќи конфликтот во Иран ги зголеми цените на енергијата, а климатската криза предизвикана од емисиите предизвика смртоносни топлотни бранови. Неочекуваните профити од војната повторно ги разгореа повиците до нафтените и гасните суперсили како што се саудиската „Арамко“ и […]

Министрите на ЕУ ја поддржаа Шпанија по мигрантската криза во Сеута


  Министрите за внатрешни работи на ЕУ се обидоа да стават линија под петдневните огорчени обвинувања за пристигнувањето на 72.000 мигранти во Сеута, збивајќи ги редовите зад Шпанија и обвинувајќи ги шверцерите и странските актери дека ја искористуваат кризата за да го поделат блокот. Докажувањето солидарност означи остар пресврт откако лидерите на ЕУ јавно ги […]