Вториот ребаланс на Буџетот не е чекор назад, вели Димитриеска Кочоска. Приходите и расходите намалени за по 86 милиони евра
Најголеми кратења има во Министерството за животна средина и во Министерството за енергетика, во Управата за извршување на санкции... Буџетскиот дефицит останува на ниво од 4,1 отсто од БДП
Со новата проекција на Буџетот за 2026 година Владата предлага вкупните трошења од државана каса да намалат за 86 милиони евра, односно спред усвоениот предлог – ребаланс да изнесуваат околу 6,8 милијарди евра. На страната приходите, како што предлага Владата, исто така ќе има намалување кое ќе изнесува 86 милиони евра, а според новите проекции вкупно во Буџетот ќе се приберат 6.1 милијарди евра. Притоа, буџетскиот дефицит останува на ниво од 752,8 милиони евра односно 4,1 отсто од БДП. Се предвидува растот на БДП годинава да изнесува 3,5 отсто, а има надола корекција на инфлацијата на 3,8 отсто. Најмногу кратења ќе има кај Министерствот за животна средина, кај Министерствот за енергетика, но и во Министерството за финансии, кај Владата и тн.
Ова, накусо се основите на новиот ребаланс на Буџетот за годинава, втор по ред откако државната каса веќе еднаш беше прекроена во почетокот на јули. Според министерката за финансии вториот ребаланс на Буџетот не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот, туку се одговор на променетите економски услови, но останува непроменет приоритетот – заштита на граѓаните, исполнување на законските обврски одржување на економската активност и фискална дисциплина.
Ова се клучните параметри на новата проекција на предложениот ребаланс на Буџетот за кои ќе расправаат пратениците во Собранието.
Вкупните приходи со овие измени се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции.
„Ова намалување во најголем дел е резултат на променетите услови на пазарот на енергенси и мерките што ги презедовме за заштита на граѓаните и економијата. Истовремено, остварувањето на приходите во текот на годината покажуваат позитивна динамика“, рече министерката Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата.
Таа поасни дека кај даночните приходи е направена „умерена корекција“ од 213, 3 милијарди денари на 209,8 милијарди денари, односно намалувањето е 1,6 проценти.
Најголемиот дел на корекцијата се однесува на акцизите кои, како што посочи, се ревидираат од 34,1 милијарда денари на 30,4 милијарди денари.
„Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените нафтените деривати, врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата“, рече министерката.
Кај неданочните приходи и донациите со измените и дополнуивањата на буџетот се предвидува намалување за околу 2 милијарди денари. Намалувањето е целосно кај сопствените сметки на буџетските корисници, пред се како резултат на пролонгираното спроведување на проекти од самофинансирачки активности при што постојат распложливи ликвидни средства, почочи Димитриеска Кочоска.
Кај останатите даночни приходи, данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи, очекувањата остануваат стабилни и во рамки на планираните износи.
На расходната страна вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари односно намалување за 5,3 милијарди денари во однос на претходните проекции.
„Надолната проекција се должи на намалување кај стоките и услугите и субвенциите, како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење со истовремено обезбедување дополнителни средства за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги“, рече Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека расходите се намалуваат таму каде што реализацијата била послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети.
„Но, не штедиме на она што е најважно, обезбедуваме дополнителни средства за социјално најранливите категории и за здравствени услуги“, додде таа.
Во однос на капиталните расходи, министерката изјави дека се прави корекција од околу 5,7 милијарди денари, објаснувајќи дека тоа е пред се поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти.
„Тоа не значи откажување на капиталните инвестиции, продолжуваме со вложување во одбрана, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура“, рече Димитриеска Кочоска, додавајќи дека продолжува реализацијата на проектите поврзани со коридорот 8 и 10 Д, како и изградба на автопатската делница Скопје – Блаце.

Исто така во железничката инфраструктура продолжува реализацијата на Коридорот 8 како и проектот за заеднички железнички граничен премин со Србија во Табановце.
Таа исто така рече дека значајни средства остануваат насочени кон водоснабдување, канализација, пречистителни станици и регионални системи за управување со отпад, вклучително и на проектот на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, потоа инвестициите во реконструкција и изградба на училилишта, спортски сали, студентски и ученички домови какои проектите за унапредување на основното образованите, детската заштита, социјалните услуги, енергетската ефикасност и модернизацијата на земјоделството.
„Продолжува финансиската поддршка за општините и капиталните и инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел на политиката за рамномерен регионален развој“, рече Димитриеска Кочоска.
Зборувајќи за макроекономските проекции таа истакна дека иако остварувањата од првата половина од годината кога БДП забележа раст од 3,7 отсто се подобри од очекувањата, проекцијата за растот во 2026 година останува непроменета односно 3,5 проценти , што се должело на претпазливост имајќи во вид дека конфликтите на Блискиот Исток и во Украина се уште траат, а глобалната економска активност останува неизвесна и во остатокот на годината.
„И покрај сите предизвици една работа останува непроменета, а тоа е буџетскиот дефицит, кој останува на ниво од 46,3 милијарди денари односно 4,1 процент од БДП“, рече Димитриеска Кочоска додавајчи дека државата во 2026 година треба да сервисира обврски во износ од 76,6 милијарди денари, од кои 55,1 милијарда денари се отплата на надворешниот, а 15,9 милијарди денари на домашниот долг и 1,6 милијарди денари одлив по дадени заеми кон Развојна банка. Дополнително се сервисираат и обврски по основ на издадени едногодишни државни хартиии од вредност од околу 1 милијарда денари.
Овие обврски, спред Димитриеска Кочоска, се предвидени во Буџетот и нивното редовно сервисирање е обезбедено преку планираното домашно и странско задолжување.
„Не дозволуваме до ноеконтролирано зголемување на дефицитот. Напротив, со оптимизација на расходите го задржуваме утврдениот фискален таргет“, рече Димитриеска Кочоска.
Таа вели дека вториот ребаланс е навремена реакција на новите економски услови, но и потврда дека јавните финансии се управуваат одговорно и со јасни приоритети, дека се обезбедува стабилен буџет, редовно финансирање на сите обврски и заштита на граѓаните.
„Овој ребаланс не е чекор назад, тој е навремена адаптација на Буџетот на новите услови и потврда дека остануваме посветени на стабилни јавни финансии, заштита на животниот стандард и продолжување на економскиот раст“, рече Димитриеска Кочоска.
Одговарајќи на прашања на новинарите таа посочи дека кратењата се врз основа на тоа кои проекти не се започнати, а кога станува збор за капиталните расходи едно од поголемите кратења е во Министерството за животна средина и во Министерството за финансии – функции на државата. Односно, како што посочи, станува збор за комбинирано финансирање, животна средина, еден дел преку ИПА фондови, а дел преку национално кофинансирање проекти за кои е извесно дека ќе имаат одредено одложување заради тоа што не се технички подготвени.
Кратења има и во Управата за извршување на санкции, каде што има проект, но тендерот беше поништен и додека се обхјави новиот ќе треба време, односно не може да се повлекуваат средства до крајот на годината…
Во МФ. Скратени се средства за проектот за новиот систем за трезор систем, јавен долг и внатрешна контрола…
Исто така, искористен е т.н. КАПЕФ механизмот, со кој се крати од капиталните инвестиции онаму каде што нема реализација.
Поголемо кратење има во Министерството за енергетика, средства кои што биле наменети за плаќање на договори кон странство, а кои се скратени бидејќи нема да има реализација до крајот на годината. Станува збор за околу 1,885 милијарди денари, а во животна средина 1,5 милијарди денари
Во однос на инфлацијата Димитреска Кочоска рече дека иако е намалена Владата сепак останува претпазлива и ја проектира на ниво од 3,6 отсто, а претходно беше 4,5 отсто.
„Сепак мора да оставиме малку простор, бидејќи ги следиме состојбите на меѓународните пазари и геополитичките состојби и може да кажам дека во последните недела две има мнопгу гоелми промени кои што имаат негативно влијание врз целата европска економија и на светско ниво и не може да знаеме до кога тоа ќе трае“, реќе таа, додавајќи дека повеќе од јасно е дека неизвесноста е огромна. (M.J.)