ЕЦБ донесе одлука за каматите: Стапките остануваат непроменети и покрај зголемената инфлација во еврозоната

Прашањето за идната монетарна политика останува отворено поради неизвесноста околу инфлацијата


Европската централна банка (ЕЦБ) денес одлучи да ги задржи каматните стапки на непроменето ниво, во согласност со пазарните очекувања, и покрај фактот дека инфлацијата во еврозоната се искачи на највисоко ниво во последните три години.

Одлуката на ЕЦБ доаѓа во време кога растот на инфлацијата повторно го привлекува вниманието на пазарот и го поставува прашањето за понатамошниот развој на монетарната политика во еврозоната.

Со оваа одлука, Централната банка не го промени постојното ниво на каматните стапки, додека понатамошните движења ќе зависат од економските индикатори и проценката на трендовите на инфлацијата.

За потсетување, Европската централна банка (ЕЦБ) претходно објави дека нејзината претседателка, Кристин Лагард, ќе ја напушти својата позиција на 7 февруари следната година, пред крајот на нејзиниот мандат, кој требаше да трае до октомври 2027 година.